За македонскиот јазик и идентитет не разговараме и воопшто не е на маса. Разговараме за португалскиот предлог којшто доаѓа од Португалија како претседавач со Европскиот совет што апсолутно води грижа за нашиот македонски јазик и македонски идентитет и истовремено води грижа и за бугарските позиции, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање пред утрешната посета на Софија.
Начинот на којшто е дефинирана оваа дебата, поточно насловот, ме инспирираше да презентирам идеи кои за нијанса се можеби различни од она што е вообичаен наратив и сме навикнале да го слушаме кога зборуваме за хибридни закани, дезинформации и лажни вести. Конечно гледам една проактивност, односно едно големо ЗА, наспроти едно помало против
Социјалната реформа која ја донесовме во 2019 година, донесе бројни придобивки за граѓаните од ранливите категории. Во време на пандемија го олеснивме пристапот до Гарантирана минимална помош и образовен додаток. Но, целта не беше само нивен влез во системот на социјална заштита, туку нивно препознавање и активирање на пазарот на труд.
Кога станува збор за промоција на отворена и транспарентна комуникација на Владата со јавноста, наспроти справувањето со дезинформациите, позицијата на Владата се базираат на неколку постулати, истакна националниот координатор за стратегиски комуникации Марјан Забрчанец
Македонскиот идентитет ниту е изгубен ниту ќе биде изгубен. Заштитен е. Изгубен е Христијан Мицкоски.
Премиерот Зоран Заев е убеден дека струјата нема да поскапи, а за да се ублажи растот на цената на електричната енергија условена од целосната либерализација на пазарот, од 1 јули, како што соопшти, ДДВ-то за струја ќе се намали од 18 на пет проценти.
Инвестиција од 70 милиони евра која предвидува 100 нови вработувања, ќе биде фотонапонската електрана во Осломеј од 100 мегавати за чија изградба денеска и официјално беа потпишани договорите меѓу „АД ЕСМ“, „Фортис енержи електрик“ од Турција и со „Солар про“ од Бугарија.