Директорот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски вели дека Регулаторната комисија треба да ја одредува и цената на водата, затоа што ќе го релаксира притисокот на политиката врз работењето на овие јавни комунални претпријатија.
Народниот правобранител по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на бегалците, 20 јуни, кога целата меѓународната јавност своето внимание го насочува кон состојбите на присилно раселените лица, се приклучува кон апелот на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите Нации за потребата од поголема инклузивност на оваа категорија лица, особено во областите здравство, образование и спорт.
Во последните 24 часа се направени 3.265 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на КОВИД-19. Регистрирани се 72 оздравени пациенти, и нема починати лица. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.624, бројката на оздравени пациенти е 149.862, на починати е 5.475, а бројот на активни случаи изнесува 287.
ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да шират лаги, шпекулации и да прават конструкции со кои нанесуваат штета на националните и државните интереси и ги поткопуваат напорите за започнување преговори со ЕУ, соопштуваат од СДСМ. Од белата палата се повикуваат на медиумски шпекулации, без наведен извор и градат конструкции, со кои наштетуваат на државните и националните интереси. Тоа е политички аматеризам класично антидржавно однесување.
Лидерите на ЕУ го осудија принудното слетување на авионот во Минск и апсењето на Протасевич.Тоа е целосно неприфатливо. Сметаме дека белоруската Влада е одговорна за безбедноста на сите патници во тој авион. На сите патници мора да им биде дозволено веднаш да го продолжат патувањето, напиша на Твитер шефот на европската дипломатија Жозеп Борел. И претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, исто така, ја повикаа Белорусија „да ги ослободи сите патници“.
М. Миткоска