Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) најавува развој на нови и унифицирани веб страници за Владата и сите министерства до крајот на годината.
Во соопштението од МИОА се наведува дека новите веб-страници ќе бидат надградени и интегрирани едни со други и оти со тоа ќе се добие нов, подобар и централизиран систем.
-Со овој проект и даваме значење на нашата цел, да ги унифицираме сите веб-страници на министерствата и Владата. Како резултат, овие страници ќе бидат попрактични, а пристапот до информации ќе биде полесен. Овој проект ќе биде целосно имплементиран до крајот на оваа година, стои во соопштението.
извор: МИА