Во последните 24 часа се направени 2.952 тестирања при што се регистрирани 13 нови случаи на Ковид-19, а не се регистрирани нови починати лица, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Од новорегистрираните случаи во Скопје и Тетово има по три, Охрид и Кичево – по два, Куманово, Прилеп и Струмица по еден.
Регистрирани се 31 оздравен пациент од кои 14 од Скопје, Кичево четири, Прилеп три, Куманово, Битола и Кочани – по два, Тетово, Гостивар, Крива Паланка и Кратово по еден.
Направени се 2.952 тестови преку: ИЈЗ-97, ЦЈЗ Скопје-36, ЦЈЗ Битола-52, ЦЈЗ Прилеп-45, ЦЈЗ Тетово–20, ЦЈЗ Куманово–44, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0, ГОБ 8-ми Септември-13, Институт за микробиологија–2, МАНУ-96, Жан Митрев (Филип Втори)-79, Авицена-291, Биотек-235, Систина-163, лабораторија Лаор-201, Синлаб-28, Ремедика-19, Плодност–64, Генеа–13, Никоб лаб-292, ВФВ Медикал-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.148.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.640, бројката на оздравени пациенти е 149.908, на починати е 5.477, а бројот на активни случаи изнесува 255.
извор: МИА