ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Државниот врв го честита Денот на независноста на САД, многу сум разочарана од однесувањето на Бугарија, вели Фајон, жените во фудбалот се борат со стереотипи

July 4, 2021 12:02
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Заев со честитки за Денот на независноста на САД: Традицијата на американската демократија е водилка и инспирација за сите.

Со желби за благосостојба и просперитет, на претседателот Џо Бајден и на пријателскиот американски народ им го честитам 4. јули – Денот на независноста. Во САД освен пријател и сојузник, гледаме и стратешки партнер којшто секогаш ја поддржувал нашата демократија, истакна во честитката претседателот Стево Пендаровски.

Многу сум разочарана од однесувањето на Бугарија, нивниот егоизам или себичност е екстремно погрешен и неодговорен. Се надевам дека ќе успееме да ја убедиме Бугарија што е влогот и да најдеме компромис и договор, вели Тања Фајон европратеничка од Словенија и силен поборник за европерспективите на Западен Балкан.

Земјите многу тешко се соочуваат со историјата кога историјата е всушност запис од лоши и негативно извршени дејства. Во оваа смисла, секоја земја, вака или онака, поминувала периоди кога покажувала дека прифаќа или отфрла да се биде искрен во својата спремност да се соочи со фактите за Холокаустот, вели американскиот историчар Пол Шапиро, директор за меѓународни работи во Музејот на Холoкаустот на САД

Илјадници Бразилци синоќа излегоа на улиците на повеќе од 110 градови низ земјата против политиката на претседателот Жаир Болсонаро за коронавирусот, откако Врховниот суд дозволи да се отворат истраги против него за наводи за корупција поврзани со нарачки за вакцини.

Во катастрофалниот пожар загинаа четири лица, а веројатно станува збор за египетски работници, кои од вчера попладне се водеа за исчезнати и се трагаше по нив, соопшти утрово кипарскиот министер за внатрешни работи Никос Нурис.

Жените во фудбалот освен со конкуренцијата се борат и со стереотипите и стигмата од опкружувањето.

Планот на украинското Министерство за одбрана жените на парадата по повод 30-годишнината од независноста на земјата следниот месец да маршираат со чевли со потпетици место со воени чизми, наиде на незадоволство во земјата.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на Град Скопје санкционира 249 возачи, меѓу кои 105 за возење повеќе од дозволената брзина, а 11 за возење без возачка дозвола.

Загрижена за новите варијанти на коронавирусот, Словачка драстично ги заострува правилата за влез во земјата. Од 9 јули, сите невакцинирани лица ќе треба да бидат во задолжителен карантин од 14 дена, според новата извршна наредба на владата од вчера.

Данска и Англија ја комплетираа втората полуфинална двојка на ЕУРО2020.

Поради зголемувањето на инциденцата на коронавирус во Јапонија, владата на земјата на 8 јули може да ја преиспита одлуката за делумно отворање на трибините за време на Олимписките игри за локалните навивачи.

Машкото вокално трио од Културно-уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ“ од Теарце е добитник на Гран при наградата за најдобра изведба на 47. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ што  заврши синоќа на Рудина, Долнени. Гајдата на Пеце за најдобар гајдаџија ја доби Филип Арилон од Велес.

Ј. Ѓ.

Next Post

„Иницијатива 50 проценти родова еднаквост “: Жените знаат и умеат да креираат политики за подобра држава

Shortcut

Најново

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Албин Курти

August 25, 2026

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk