Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и генералниот секретар на Владата Мухамед Зеќири во име на Владата денеска потпишаа договори со 33 компании со проекти за финансиска поддршка на индустријата и операторите за организација на настани
Во близина на селото Богословец ќе се гради првиот приватен ветерен парк во државва, инвестиција во вредност од 61 милион евра. Во пролетта 2025 година се очекува да почне со работа и во наредните 25 години да овозможи зелена енергија за околу 20 илјади домаќинства во државата.
Процесот на пристапување, доколку се искористи правилно поддржан со политичка волја за промена и трансформација, е најдобрата алатка за реформи и ниту една земја-членка не може да стави вето на тој процес. Предлогот на португалското претседателство е добра основа, но потребна е силна политичка волја и лидерство. За идентитетот и јазикот не се преговара.
Вооружената престрелка која се случи во мај 2015 година се уште не може да ја дочека својата правна завршница. Цели шест години трае правната постапка за настаните од Куманово, кои од дел од стручната јавност беа насловени и како вистински терористички напад.







