ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска: Ја отворивме 15 -та детска градинка за само 11 месеци, 167 дечиња од Неготино ја добиваат најсовремената градинка во државата

July 31, 2021 16:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Навистина ми претставува задоволство што денеска ја отвораме 15-та нова детска градинка за само 11 месеци, која ќе згрижи 167 деца од Општина Неготино. Граѓаните од оваа општина ја добиваат најсовремената градинка во државата градена согласно најдобрата пракса за просторно уредување и таа е целосно енергетски ефикасен објект“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешното отворање на новата детска градинка во Неготино.

„Она што е особено значајно за оваа градинка и сакам да го потенцирам е нејзината инклузивност. Градинката ќе ги опфати и децата во социјален ризик од материјална необезбеденост, децата со посебни потреби и децата од ромските семејства. Затоа што секое дете е важно и секое дете заслужува да има правилен детски развој, потенцираше министерката.

Градинката Темјанушка е дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка на Светска банка. Вредноста на Договорот за грант склучен меѓу Министерството за труд и социјална политика и Општина Неготино за нејзината изградба изнесува 69.6 милиони денари.

Министерката истакна дека за само 11 месеци со отворањето на нови градинки опфатот на деца е зголемен за околу 1150 деца, а истовремено тоа значи и нови вработувања на стручен кадар во нив.

Таа на децата им посака многу здравје и убави моменти во новата градинка, а на вработените во неа им порача со љубов да ја работат оваа професија која претставува најубавата на светот, а на градоначалникот  уште многу успешни проекти.

 

Next Post

Заев на отворање на нова детска градинка во Неготино

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

СДСМ поднесе закон: забраната за двојно државјанство да важи за министрите и тоа веднаш

April 23, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 23 април 2026

April 23, 2026
Фото: Фб страница на Зоран Љутков

Комисија за култура на СДСМ: Јубилејот на Драмски театар помина без неговите вработени

April 22, 2026
Илустрација Фронтлајн

„Евромор“ и „Правфонд“ на црната листа на ЕУ: Замрзнати средствата на руските пропагандни субјекти

April 22, 2026
Фото: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk