ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Петровска од ДИЖС: Покренати 43 прекршочни постапки, изречени 36 санкции, највисоката глоба 20.000 евра

August 4, 2021 11:03
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Директорката на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) на денешната прес-конференција во врска со шестмесечниот извештај за работата на Инспекторатот информира дека е зголемен обемот на надзори во 2021 година во споредба со 2020 година.

Презентирајќи ги резултатите, посочи дека во периодот јануари – јуни 2021 година се реализирани 1.132 инспекциски надзори наместо планираните 866 надзори, или остварено е 30 % повеќе од планираното.

– Во 2021 година се реализирани 185 надзори повеќе споредбено со 2020 година, односно во однос на  2020 имаме забележан раст од 20 посто, посочи Петровска.

Утврдени се 363 непавилности, односно законски повреди за кои се издадани решенија за нивно отклонување. За споредба, во истиот период во 2020 година се утврдени само 120 неправилности, или во 2021 е забележано зголемување од 203 отсто.

Покренати се 43 прекршочни постапки од кои изречени се 36 санкции со глоба платен налог, а покренати се и две кривични постапки.

–  Платните налози се со различни причини, голем дел од нив се изречени за отстапување од водостопанските дозволи, односно неплаќање на надоместоци за услуги од страна на комуналните претпријатија, понатаму сме имале спогодување со АД Водостопанство, во насока да се регулираат речните корита кои порано всушност беа издавани дозволи за регулација на речно корито, а не се вршеше регулација, само се вршеше копање на песок, сега со таа спогодба, АД Водостопанство има обврска по стационажи да врши регулација на речното корито, а дури потоа да продава ископан песок и чакал, информира Петровска.

Платни налози, додаде, се изречени и за диви отпади, забрани за работа на асфалтна и на бетонска база.

Најниските глоби, како што посочи Петровска се 3.000 евра, а највисоката глоба изречена оваа година е 20 илјади евра – за една оранжерија во Градско.

Во 2021 во споредба со 2020 година, информира таа, зголемен е бројот на вонредни надзори, односно спроведени се 171 вонреден надзор, наспроти 71 во 2020 или зголемување од 138 посто.

– И покрај тоа што овој период тројца од вкупно 19 инспектори не вршеле надзори, затоа што еден инпектор е на неплатено отсуство од април, еден суспендиран заради сомнеж за поткуп и еден кој од вкупно шест месеци, пет месеци бил на боледување, посочи Петровска.

Во првото полугодие од 2021 година реализирани се 741 наспроти 749 редовни надзори од истиот период во 2020 година што е намалување од 1 посто, а ова, според Петровска, се должи на намалениот број активни инспектори на терен.

– Обемот на активности на инспекторатот е сериозно интензивен и со оние ресурси што ги имаме навистина одговараме на сите пријави на граѓаните кои пристигнуваат во голем број, затоа е зголемен и бројот на вонредни надзори, заклучи Петровска./МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk