ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Вистиномер: Вакцините против ковид не се генетска терапија и не содржат графен оксид

August 5, 2021 19:40
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Пост шири невистини дека вакцините содржат графен оксид и дека се генетска терапија. Графен оксид не е во листата на состојки и нема никаква можност да биде присутен во вакцината, изјавил Ален Мајерсон, професор по хемиски инженеринг во Институтот за технологија од Масачусетс. Според експертот за вакцини, Пол Офит, од детската болница во Филаделфија, тврдењето дека вакцините содржат графен оксид е чиста глупост. Исто така, вакцините против ковид не се генетска терапија, бидејќи тие не се дизајнирани за да ги променат гените. Центарот за контрола и превенција на болести на САД официјално потврдува дека вакцината против ковид не влегува во интеракција со нашата ДНК на каков било начин, пишува „Вистиномер“ во новата анализа, што ја пренесуваме во целост подолу:

Со почетокот на вакцинацијата против ковид-19, фокусот на дезинформации се премести од самата болест на конкретниот состав на вакцините и нивните перформанси. Таков е и овој пост објавен на Фејсбук, во кој се тврди дека 99 проценти од составот на вакцината (не се прецизира за која вакцина и од кој производител станува збор), е графен оксид. Исто така, се тврди дека вакцината е „генетска”.

И двете тврдења се неточни, а образложението ви го презентираме во продолжение.

Прво, графен оксидот не е во листата на состојки во вакцината против ковид-19.

Бидејќи главната компанија којашто е обвинувана неосновано и небазирано на ниеден хемиски или медицински доказ, дека во вакцините има графен оксид, е „Фајзер“, оттаму се огласија и официјално ја демантираа дезинформацијата.

Претставник на „Фајзер“ за „Асошиејтед прес“ изјавил дека во нивната вакцина нема графен оксид. Студијата со која се прави обид да се „поткрепи“ тврдењето дека во Фајзеровата вакцина има графен оксид, не е прегледана од медицинската заедница (не е peer-reviewed), ниту, пак, е поддржана од Универзитетот во Шпанија, Алмерија.

Кит Лонгли, менаџер за наука во „Фајзер,“ за „Асошиејтед прес“ изјавил дека оваа состојка во нивната вакцина не постои. Истото го потврдиле и хемиски и медицински експерти, кои не се поврзани со компанијата „Фајзер“.

Не е во листата на состојки, и нема никаква можност да биде присутна во вакцината, изјавил Ален Мајерсон, професор по хемиски инженеринг во Институтот за технологија од Масачусетс.

Доктор Амеш Адаџа специјалист за инфективни болести од „Џонс Хопкинс“, тврди дека имало истражувања за потенцијалното користење на графен оксидот во други вакцини, но количините не биле во доволно големи дози за да предизвикаат токсичен ефект.

Експертот за вакцини, Пол Офит, од детската болница во Филаделфија, додал дека ова тврдење (дека вакцините содржат графен оксид) е чиста глупост.

Ковид-вакцините не се генетска терапија

Во врска со тврдењето дека вакцината е генетска, од досега презентираните официјални факти, познато е дека вакцините против ковид не се генетска терапија затоа што не се дизајнирани на ниеден начин да ги променат вашите гени.

Американската национална библиотека за медицина терминот генетска терапија го дефинира како техника која може да им дозволи на лекарите да третираат состојба со вметнување на ген во клетките на пациентот, наместо да користат медикамент или операција. На пример, докторите со генска терапија можат да вметнат или да заменат мутиран ген кој не функционира на соодветен начин или да стават нов ген во телото којшто ќе направи нешто за да се бори против болест.

 

ДНК и РНК не е исто

Генот се состои од ДНК и служи како базична физичка и функционална наследна единица. мРНК, пак, е различен од ДНК! РНК значи рибонуклеидна киселина. ДНК е дезоксирибонуклеинска киселина и служи како библиотека за инструкции за производство на протеини. Кога клетката сака да продуцира протеин, ја користи ДНК за да продуцира копија од мРНК. ДНК е во јадрото на клетките. Рибозомите не се. Поради тоа, мРНК од ковид вакцината нема да влезе во јадрото на клетката, туку едноставно ќе оди во рибозомите кои ќе го продуцираат спајк-протеинот.

Значи, влезот на мРНК во човековите клетки не го менува ДНК на човековата клетка и доколку овие клетки се множат, тогаш мРНК нема да се инкорпорира во генетските информации на новите клетки.

Понатаму, генската терапија вклучува правење на намерни промени во ДНК на пациентот за да се излекува генетска состојба. мРНК од вакцината не влегува во нуклеусот (јадрото) на клетката и воопшто нема интеракција со ДНК, така што не претставува генетска терапија.

Генетските терапии може да имаат долгорочни ефекти зашто перманентно ја менуваат ДНК на клетката. Контрастно на ова, мРНК клетките се секогаш транзиторни и не се наследени од ќерките клетки, што ги прави идеални за користење во вакцините, што, всушност, се прави.

И Центарот за контрола и превенција на болести на САД, официјално потврдува дека вакцината против ковид не влегува во интеракција со нашата ДНК на каков било начин:

мРНК никогаш не влегува во јадрото на клетката каде се чува генетскиот материјал. Клетката го разградува и се ослободува од мРНК веднаш по завршувањето на користењето на инструкциите.

Поради гореизнесените аргументи, постот го оценуваме како невистинит. Вакцините не се генетска терапија и вакцината против ковид не содржи графен оксид, пишува „Вистиномер“ во новата анализа.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

June 20, 2025

Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

June 20, 2025
Фото:  МИА

Конечната пресуда за убиствата на Вања и Панче на 25 јуни

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во 4 по полноќ започнува летото, утре ќе биде најдолгиот ден во годината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk