ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Има пожари предизвикани од искрење на жици на бандери, вели Ангелов, aктивни и со силен интензитет пожарите во повеќе региони во државата

August 6, 2021 12:07
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Ангелов: Во некои случаи пожари се предизвикани од искрење на жици на бандери. Поради што во тек е изработка на барање до ЕВН за да ги проверат нивните системи за дистрибуција на електрична енергија, информира денеска на прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Џафери во 17 часот ќе го потпише Решението за распишување на локални избори, соопштија од Кабинетот на Претседателот на Собранието.

ДИК ќе расправа за цената за платено политичко рекламирање. На дневен ред на седницата се Предлог-упатството за начинот и постапката за утврдување на просечно постигнатата цена и најниска цена за платено политичко рекламирање и Предлог-одлуката за утврдување на просечно постигнатата цена  за платено политичко рекламирање.

Даниловски: Вирусот има „небранет“ простор, првично поради невакцинираните, кон крајот на август лесно може да се надминат 1.600 случаи дневно. Дали постои „опасност“ од уште една онлајн учебна година, професорот смета дека сѐ ќе зависи од развојот на епидемиолошката ситуација. Ако растот на случаите продолжи со сегашново темпо, како што вели, треба да се земе предвид и таа опција.

Раст на новозаразени, активни 955 ковид-случаи, 560 од нив се во Тетово и Скопје. Епидимиолошката служба на тетовскиот Центар за јавно здравје оцени дека за само еден месец од регион со спорадични случаи, Тетово е во фаза на широко распространета трансмисија на Ковид-19 и се очекува бројот на новозаболени да расте уште повеќе.

Вчера аплицирани 10.179 вакцини, МЗ апелира на масовна вакцинација. Со последните бројки 65% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 62% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 58% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 47% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Во Карпош и во Тетово ќе се отворат два нови дневни центри за деца со попреченост, во Гази Баба советувалиште за семејства во ризик. Преку примена на Монтесори методот и современите терапевтски техники ќе биде обезбедена стручна помош и поддршка преку индивидуален  и групен третман и психо-социјална поддршка за децата и нивните семејства. Тоа подразбира интензивна поддршка врз индивидуалните потреби на детето.

Активни и со силен интензитет пожарите во повеќе региони во државата. Согласно состојба со пожарите до 8 часот, во штипски регион уште е активен пожарот во атарот на селото Нов Истевник, маало Пасјак, и е во дијаметар од 15 км. До овој момент опожарена се околу 800 ха борова шума и нискостеблести растенија.

Ангажирани сите ресурси и капацитети за справување со пожарите. Состојбата се менува од минута во минута, а сувата вегетација, високите температури и ветерот придонесуваат за брзо ширење на постоечките пожари и појава на нови жаришта, рече директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Според него, постојат одредени сомнежи дека се работи за намерни палења зашто некои од пожарите одеднаш избувнуваат. Но, тоа ќе го истражи МВР.

Пристигна дел од конвојот од Австрија кој ќе помага во гасењето на пожарите. Вкупниот број од австрискиот конвој е составен од 136 лица, 16 возила, 24 камиони, 1 амбулантно возило, 2 АТВ и 9 приколки.

Не е загрозен воениот склад кај Богословец, преземени се сите мерки за противпожарна безбедност. Во моментот нема никаква загрозеност за споменатиот воен склад од пожарот на гореспоменатата локација, како и за ниту еден друг воен објект за кои правовремено се превземени сите потребни мерки за противпожарна безбедност.

Спасовски: Пет години од катастрофалните поплави во Скопско во кои загубивме 22 сограѓани, никогаш да не се повтори!

Загина 18-годишна девојка во сообраќајка кај наплатната станица „Романовце“. Сообраќајна несреќа вчера се случи и на локалниот пат Куманово – село Романовце кај месноста „Мачја глава“, соопшти денеска МВР.  Во несреќата учествувале два автомобила. Повредени се  двајца малолетници од кои едниот возач, другиот совозач и уште две лица.
И.Т.З.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Почина Ози Озборн, фронтменот на Black Sabbath

July 22, 2025

Собранието го донесе Ребалансот на буџетот: Според опозицијата е скроен како предизборен поткуп, власта вели ќе обезбеди економски раст

July 22, 2025

Министерката Кочоска вели со ребалансот немало да се финансираат кампањи, туку проекти

July 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk