ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Активни пожари на повеќе места, изгаснат во Сарај, Џафери ги распиша локалните избори, од 416.614 вакцинирани, хоспитализирани се само 11

August 6, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Уште се активни пожарите во Делчево, Пехчево, Свети Николе, Штип, Прилеп, Куманово, Валандово и Радовиш. Повторно гори и во Гостивар, а под контрола е ставен пожарот во Сарај, во атарот над селата Раовиќ и Буковиќ, информираат од Центарот за управување со кризи.

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ги распиша локалните избори, кои треба да се одржат на 17 октомври.

Горан Стојановски од Центарот за управување со кризи информираше дека во текот на вчерашниот ден имало 18 пожари во Скопје од кои 17 се целосно ликвидирани.

Пожарот во атарот на штипското село Добршани оди во правец кон реката Брегалница. Градоначалникот на Штип, Сашко Николов, изјави дека благодарение на интервенцијата на пожарникарите огнот ги нема зафатено куќите, кои дел се и стари и напуштени.

За два дена, уапсени се две лица Преспанско-Пелагонискиот Регион осомничени за подметнување пожар каде се активни се неколку пожари, а властите апелираат граѓаните да се воздржат од секакви активности кои ќе придонесат за разгорување на пожарите

На сметките на вкупно 3.124 сточари кои имаат поднесено барање за директни плаќања за обележани и одгледани овци се исплатени над 633,4 милиони денари, додека на 10.547 градинари над 233,4 милиони денари.

Во наредниот период ќе се склучи договор за набавка на уреди за биометриска идентификација на гласачи со отпечаток од прст.

Полицијата трага по лица кои прават лажни ПЦР-тестови за откривање Ковид-19

Актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко ќе биде кандидат на ДУИ за нов мандат за градоначалник на претстојните локални избори во октомври.

Од 416.614 лица вакцинирани со две дози на вакцина против Ковид-19, 167 лица се заразиле 14 дена по примена втора доза вакцина, а само 11 од нив биле хоспитализирани.

Во последните 24 часа се направени 5.959 тестирања, а регистрирани се 325 нови случаи на КОВИД-19. Пријавено е едно починато лице од Битола (55г), починатo во болнички услови.

Сè уште нема доволно податоци за да се препорача употреба на третата, засилувачка доза, соопшти денеска Европската агенција за храна и лекови (ЕМА), откако некои земји од ЕУ наведоа дека ќе почнат да ја даваат трета доза вакцини против Ковид-19 на најранливиот дел од населението во септември

Неколку кинески производители на вакцини против коронавирусот соопштија дека изолирале високо заразна варијанта на делта сојот на вирусот и се подготвени да развијат вакцини за овој нов вид.

Од 3 до 12 август дел од членовите на Владата ќе искористат денови од годишен одмор. Владата секојдневно ги извршува сите свои функции, а согласно состојбата со пожарите министрите секојдневно заседаваат и одржуваат седници преку онлајн видео конференциска врска и навремено и непречено ги носат сите потребни одлуки, објавија од Владата.

Ј. Ѓ.

 

 

Next Post

Приведено лице од радовишко, осомничено за подметнување пожар

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk