ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Доминатен делта сојот кој се шири 60-70 % побрзо од алфа, детектирана е поголема количина на вирусот, активни неколку пожари…

August 8, 2021 12:04
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Филипче: Од околу 150 пациенти примени за една недела, под 10 % се целосно вакцинирани и не се критични. Делта сојот е сој којшто е очигледно доминантен кај нас, и не само кај нас туку и во регионот и Европа. За делта сојот знаеме, а е и научно потвредно дека за 60-70% побрзо се шири од алфа сојот, претходниот британски сој, и е детектирана поголема количина на вирусот т.н. вирусен лоуд во слузокожата од брисевите на пациентите. Дали таа поголема количина на вирус ќе даде потешка клиничка слика, не знаеме, ги чекаме најновите студии, рече Филипче.

Заев: Донесени низа одлуки за рационално распоредување на силите. Премиерот Зоран Заев кој од утрово е во беровскиот регион очекува денес или најдоцна до утре пожарот кај Будинарци да биде изгаснат. Сепак тлеат, боровите шуми се опасни, смолата си го прави своето. Важно е да знаат граѓаните дека ги регулиравме сите оние детали околу обезбедување и рационално распоредување на силите, мораме и овие пожарникарите наши, војската, полицијата, шумските професионалци кои работат да направиме рационален распоред, заради тоа што летото е секако пред нас, рече Заев.

Системот функционира, пожарите се ставаат под контрола – велат од СДСМ. Благодарни сме на пожарникарите, на војниците, полицајците, доброволците, институциите, општините, на сите кои прават се’ да се изборат со овој нов многу сериозен предизвик.

Пожарите изискуваат максимална будност и одговорно однесување на секој од нас. Од Центарот за управување со кризи како причинителите за пожари ги издвојуваат човекот, како што велат, намерно и ненамерно, фрлените стаклени работи и друг отпад во сува вегетација, како и искрите од жици на електрични далекуводи.

Активни пожарите кај Делчево и кај Пехчево, гори и во скопско, велешко, прилепско. Во скопски Сарај кај селата Раовиќ и Буковиќ од вчера попладне има пожар на мешана шума. Од утринските часови на терен се пожарникари и припадници на Шумското стопансктво Караџица кои известуваат дека пожарот се движи кон сртот и нема опасност по населени места.

Град Скопје ќе го процесуира и рециклира градежниот отпад. Со оглед на фактот што градежниот сектор претставува значителен столб во целокупната економија, а на Скопје и Скопскиот плански регион му недостига модерен регионален центар за процесирање и рециклирање отпад, со воведувањето на циркуларни принципи токму во оваа гранка, ќе има огромно влијание врз индустрија. Според направените истражувања  Северна Македонија генерира околу 1,95 милиони тони градежен отпад годишно.
Ангеловска-Бежоска: Од утре споредливи и детални информации за кредитите и депозитите за граѓаните, на веб-страницата на Народната банка. Ова е прв и многу важен чекор од остварувањето на Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија, документ изработен од Координациското тело на финансиските регулатори за финансиска едукација и финансиска инклузија, а под водство на Народната банка.
Зелените од 17 општински организации на ДОМ ќе бараат оставка од претседателката Маја Морачанин.
И. Т. З.
Next Post

Утрово помеѓу велешко Кумарино и Иванковци изгоре блок со стрниште по жетва, пожарникарите навреме спречија да се прошири

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk