ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Паника во Будимпешта, во ТВ Алфа врие, скратени се вестите, ќе се откриваат детали за пропагандната шема на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

August 16, 2021 16:37
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска на ТВ Алфа се појави црн екран со информација дека ќе емитува вести со скратено време. Причина за тоа е што вработените и хонорарците во ТВ Алфа не се исплатени повеќе месеци.

Фронтлајн на 11 август објави дека вработените испратиле писмо до менаџерот на ТВ Алфа, Јане Бојаџи и до акционерите на ТРД Алфа ТВ, со предупредување дека од 16 август (денеска) снимателите веќе нема да одат на терен, а дека информативните содржини ќе бидат скратени.

Според приложеното, јасно е дека двете плати не се исплатени, а некои вработени дури се заканиле дека ќе откријат сè, ако не пуштат пари.

Дали секнаа парите од „Оливери“ маслото од Будимпешта или нешто друго е во прашање, наскоро ќе дознаеме, наскоро ќе обелоденат и самите вработени, доколку не им биде задоволено загарантираното право на ПЛАТА.

 

Причината за ова, како што се наведува во писмото потпишано со „Вработените во Алфа ТВ“, меѓу кои се и уредниците и новинарите, како и камерманите и реализаторите на програмата, е заостанување на две плати, здравствено осигурување и хонорари за три месеци, што „создаде револт кај вработените“. На состанокот на кој биле најголем дел од вработените, донесена била одлука за „преземање на први чекори за заштита на нивните елементарни права“, како што стои во писмото.

Стана вообичаено ТВ Алфа да не им плаќа на своите вработени. Така, дури и финансиската помош од Владата за санирање на последиците од Ковид-19 не ја исплатија навремено на своите вработени, туку тоа го направија само откако се појавија на списокот на УЈП за фирми што примиле финансиска помош, а не ги исплатиле вработените.

Фронтлајн дознава дека менаџментот на ТВ Алфа „долетал“ од Будимпешта и во моментов ги убедуваат вработените дека платите ќе бидат исплатени.

Своевремено, Фронтлајн пишуваше за шемата како медиумите на ВМРО-ДПМНЕ станале унгарски пропагандисти. Своевремено, јавноста дозна и за тоа дека финансиската полиција и обвинителството ја следат трагата на унгарските пари во македонските медиуми, меѓу кои Алфа ТВ е една од најекспонираните, како што објавија низа истражувачки медиуми во земјава и во странство.

До каде е таа истрага не е познато, но очигледно е дека нешто не е в ред со касата на оваа телевизија позната по својата црна пропаганда.

Д. Е.

Next Post

Талибанците ги повикаа државните службеници да се вратат на работа

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk