До кога ќе бараме изговори и ќе веруваме во теории на заговор само да си олесниме дека всушност живееме без одговорност за случувањата во државата и во светот?
Зарем кога ги гледате децата и жените во Авганистан не ви доаѓа да им подадете рака и да им помогнете да се спасат од тој терор, зарем не ви се кине срцето дека тие деца ја живеат војната пред очите на светот во 2021.
Дали изгубивме секаква емпатија во Македонија и треба да гледаме супериорно кон другите луѓе и жени и деца, само затоа што случајно (без наша заложба) сме се родиле на релативно побезбедно место?!
Никој не смее да биде исклучен од одговорност за светов да биде подобро место за живеење. Поради тоа што со секое замижување, оправдување на својата пасивност и нелоцирање на својата лична одговорност сме чекор поблиску да ни се врати се во брзо време. Ковид, пожари, суши, конфликти, поплави се само одговор на нашите изговори и неодговорност.
Фејсбук објава од Сандра Анастасовска