ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Болниците во Тетово, Гостивар, Струга и Кичево преполни со ковид-пациенти, вчера 27 починати, активни над 13 илјади случаи

August 27, 2021 08:08
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Болниците во Тетово, во Гостивар, во Струга и во Кичево сè уште се преполни со пациенти со Ковид-19. И вчера таму беа забележани повеќе нови случаи во однос на другите градови. Но и повеќе починати. Од новозаразените 1.082, од Тетово се 87, од Гостивар – 72, Кичево – 57, а во Скопје – 406. Од 27-те починати, шест се од Тетово, пет од Гостивар, три од Кичево. Тројцата починати од Кичево се на возраст 48, 46 и 45 години.

Одговорните за здравство смируваат. Тие сметаат дека во полошкиот регион веќе е достигнат пикот и сега ситуацијата ќе почне да се смирува.

Заменикот-министер за здравство Илир Хасани деновиве учествува на сите состаноци кои ги има кризниот штаб за Општина Тетово, а на средба со новинарите истакна дека нови дополнителни мерки за градот и регионот не се потребни, сметајќи ги како контрапродуктивни.

Премиерот Зоран Заев вчера рече дека засега не се разговара за специјални карантини или за посебни ограничувања поради актуелната епидемиолошка состојба во земјава.

– Се надеваме дека бројките кои во последните неколку дена се стабилизираа, ќе почнат да паѓаат, особено ако се придржуваме до мерките и ако внимаваме, истакна Заев.

Во однос на зголемениот број ковид-случаи, посебно во Тетово и Гостивар, Заев рече дека главно се работи за граѓани со хронични болести.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави сè уште трае координацијата со директорите на болниците во Тетово, во Гостивар, во Струга и во Кичево, со цел на секој пациент на кој му е потребна хоспитализација со транспорт да се донесе во Скопје, каде што сè уште има места во болницата во Козле, каде ротира тим на лекари специјалисти инфектолози и пулмолози.

– Спремни се други дополнителни капацитети, меѓутоа, засега освен оваа болница во ниту една друга нема да се прави ковид центар како што беше тоа во претходниот бран, изјави Филипче.

Според него, охрабруваат новите бројки на дијагностицирани во смисла на тоа дека опаѓаат, но премногу е рано да се каже дека ова е некаков тренд. Затоа будно ја следиме ситуацијата и ги следиме сите параметри, рече Филипче, повторно повикувајќи на масовна вакцинација, која, како што рече, треба да стави крај на пандемијата.

– Сите пандемии и епидемии, историски гледано наназад во светот завршиле исклучиво со вакцинација, а не со прележување на болеста и сега кога имаме инструмент и механизам на располагање и кога е докажано ефикасен и ефективен, што се докажува со релативно помал број пациенти во градовите во кои е поголем опфатот на вакцинација, истакна министерот за здравство, кој ги повика родителите на децата да се вакцинираат пред почетокот на учебната година.

Тој рече дека се разгледуваат и некои светски искуства за тоа што се прави во училиштата во однос на брзи тестови кај децата.

– Она што е карактеристично и интересно е тоа што во последниот период значајно расте интересот за вакцинација на помладите граѓани, особено од 18 до 40 години и сега таа бројка изнесува 170 илјади вакцинирани граѓани, што според анализите е 26 проценти од вкупно население во тие возрасни групи, рече министерот Филипче.

Од вчера почна со работа и пунктот за вакцинација во малата сала во СЦ Борис Трајковски. Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат може да го направат тоа без закажан термин. Во останатите поликлиники во Скопје и во сите други пунктови низ државата продолжува да се одвива вакцинацијата и ревакцинацијата на граѓаните.

Заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 695.525 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 9.123 граѓани, а се вакцинирале 13.303 граѓани.

Со последните бројки, 70 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, тој процент кај оние над 65 години е 69 отсто, кај оние над 60 е 65 отсто, а кај населението над 50 години 56 отсто е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Досега во земјата се направени вкупно 1.130.975 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 172.657, бројката на оздравени пациенти е 153.640, на починати е 5.782, а бројот на активни случаи е 13.235.

За потсетување на првата половина на јули, бројот на активни случаи беше 130, а денеска, по месец и половина се искачи на 13.235.

Најмногу активни има во Скопје – 4710, следи Тетово со 2021, Гостивар – 1531, Куманово – 847, Струмица – 651, Кичево – 619, Струга – 447. Во другите градови таа бројка е под 400. Најмалку активни има во Дојран, само два.

Ваквата епидемиолошка слика, ја отвори дебатата дали децата треба да почнат настава со физичко присуство. Вчера дел од родителите бараа од министерката за образование и наука Мила Царовска да дозволи децата да следат онлајн настава, без да покажуваат лекарски извештаи како доказ дека имаат хронично болни во семејството. И градот Тетово побара во првите три недели учениците да следат онлајн настава, имајќи ја предвид лошата епидемиолошка состојба во овој град.

Засега МОН останува на ставот дека учебната година треба да почне со физичко присуство и оти училиштата за тоа се подготвени.

Освен онлај наставата, мерките на Владата, влез во многу места само на вакцинирани лица најмалку со една доза, сè уште ја брануваат јавноста.

Вчера бизнис секторот се пожали дека со новите ковид мерки, трговските центри се речиси празни, а посетеноста е намалена за 60 отсто во споредба со минатиот месец./МИА/.

Next Post
Фото: МИА

Бизнисот бара ревидирање на мерките

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk