ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Заев и Ципрес ќе ја примат Меѓународна награда за мир на Вестфалија, задолжително тестирање при влезот во Грција за оние кои патуваат со негативен тест

August 27, 2021 12:02
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Од понеделник пратениците се враќаат на работа во Собранието. Имајќи ги предвид изборите, дел од пратениците, веруваат дека активностите ќе бидат намалени и оти дискусиите следниот месец ќе бидат во контекст на локалните избори.

НБ: Финансискиот сектор добро се справува со ризиците од корона-кризата и е подготвен да одговори и на идни предизвици…И во 2020 година, задолженоста на домаќинствата беше умерена и главно се темелеше врз кредитите на домашните банки. Важно е што домаќинствата ја задржаа способноста за редовно намирување на долгот, што придонесе за одржување на квалитетот на кредитното портфолио на банките, се констатира во извештајот.

Агенција за супервизија на осигурување – Осигуреници од штети наплатија 31,5 милиони евра, 20 % повеќе од лани. Во значајна мерка влијание врз растот на исплатените штети има зголемувањето на вкупната мобилност како и активностите во сите општествени сфери. Тие се интензивираа по укинувањето на мерките и ограничувања кои, истиот период лани, беа на сила заради превенција од глобалната здравствена пандемија предизвика од вирусот COVID-19.

Заев и на поранешниот премиер на Грција, Ципрас утре ќе ја примат Меѓународната награда за мир на Вестфалија. На свечената церемонија утре во Мунстер, наградата на двајцата лауреати ќе им ја додели претседателот на Латвија Егилс Левиц, како претставник на трите балтички земји кои оваа награда ја добија за 2019 година.

МЗ: Вчера се аплицирани 11.883 вакцини, ревакцинирани се 516.797 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 7.625 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.220.375 дози вакцини.

Задолжително тестирање при влезот во Грција од Македонија за оние кои патуваат со негативен тест.  Дополнителната мерка е вклучена во новата министерска одлука на грчката Влада „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, што е веќе објавена во Службен весник на Грција, а во 6 часот утрово стапи во сила.

Голем интерес за независни кандидатури на локалните избори, партиите објавуваат нови имиња. За три дена, на 30 август на полноќ истекува рокот за собирање на потписи на независните кандидати за градоначалници и советнички листи. До средата вечер, според Државната изборна комисија, 32 независни кандидати за градоначалници во повеќе општини и советнички листи собрале потписи, а уште 33 собираат потписи.

Во затворено, без почитување мерки, Пандов со говор на омраза порача дека комуњарите дека „ќе го јадат“ во Куманово. На фотографијата, покрај Пандов и повеќе членови на ВМРО-ДПМНЕ е и кандидатот за градоначалник на Куманово, Тони Михајловски. Следуваат коментари за поддршка, потсмев но има и такви во кои се чита лутина.

Битиќи: СДСМ е единствената политичка опција која покажа дека се грижи за сите граѓани.

Николовски: Нема богатење врз грбот на граѓаните, со Законот за потекло на имот се отстрануваат сите пречки за проверка и одземање на нелегално стекнат имот….Ова ќе ги демотивира сите граѓани на ​чие​ име се впишува имот, пример директори да впишуваат на име на вработени или на име на комшии, додека се функционери да не го ставаат имотот на нивно име, да го префрлуваат на име на други и после завршување на функцијата го враќаат на свое, рече вицепремиерот Николовски.
Бајден до терористите: Ќе ве фатиме и ќе платите. Во неколку експлозии кај аеродромот во Кабул, од кои дел се сметаат за самоубиствени напади, вчера загинаа 13 американски војници, најмалку 72 цивили, а според наводи од талибанците, и 28 нивни припадници.
И. Т. З. 
Next Post

Тонин: Ќе се обидеме да им кажеме на нашите бугарски пријатели дека и во нивен е интерес е Северна Македонија да стане членка на ЕУ

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk