ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Нова поддршка од ФИТР – за поттикнување на социјалното претприемништво

September 14, 2021 11:04
in TECH FRONT, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Бизнисите на поинаков начин да ги гледаат работите – наместо само кон профитот, да бидат свртени и кон природата, општеството, човекот, а претприемачите, посебно младите, својот иновативен капацитет да го стават во функција не само на својата компанија, туку и на својата заедница. Со овие две клучни пораки денеска беше презентиран првиот Повик за поттикнување на социјалното претприемништво што го реализира Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во партнерство со Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ и Бизнис Импакт Лаб.

Повикот предвидува кофинансирање социјални претпријатија кои се фокусираат на минимум една од целите за одржлив развој на Обединетите Нации. Ќе се бараат решенија кои ќе овозможат ставање крај на сиромаштијата во сите нејзини форми, крај на гладувањето, безбедност на храната, подобрување на исхраната, како и промоција на одржливо земјоделство. Другите цели се обезбедување на инклузивно и еднакво квалитетно образование, и промоција на можностите за доживотно учење на сите. Ќе бидат поддржани и проекти кои имаат за цел постигнување родова еднаквост и охрабрување на жените и девојчињата како и промовирање на инклузивен и одржлив економски раст преку вработување и пристојна работа за сите.

Како што беше речено на презентацијата, Повикот проектиран на шест милиони денари поддршка, е отворен за здруженија на граѓани, за трговски друштва кои во моментот на аплицирање постојат не повеќе од шест години, како и за тимови составени од две до пет физички лица. Објавен е на 9 септември, а а крајниот рок за аплицирање е на 22 октомври 2021 година до 14.00 часот.

За поединечен предлог проект, Фондот обезбедува до 90 отсто од вкупниот буџет, но максимум 1,5 милиони денари, додека апликантите треба да обезбедат најмалку 10 проценти од вкупниот буџет на проектот. Спроведувањето на проектот може да биде до 12 месеци, но ФИТР врз основа на оправдани околности може да одобри продолжување до шест месеци.

-Горд сум што првпат инвестираме во развојот на социјалното претприемништво и што Фондот првпат нуди решенија за некои од клучните предизвици со кои се соочува социјалното претприемништво во земјата, како недостатокот на поддршка за финансирање и способност за скалирање односно подигање на работењето на следното ниво. Преку овој Предизвик, со создавање вистински деловен модел и стратегија, им помагаме на социјалните претприемачи да создадат модел кој е истовремено влијателен но и финансиски одржлив, рече директорот на ФИТР, Коста Петров.

Главните критериуми според кои ќе се врши оценувањето на предлог проектите, напомена Петров, се: степен на иновативност, капацитет на проектниот тим, квалитет на проектот, потенцијал за примена, односно пазарен потенцијал и влијание на проектот.

-Во случај кога како натпреварувач се јавува тим или здружение на граѓани и чиј предлог проект ја поминал фазата на селекција, натпреварувачот е обврзан во рок од 30 календарски дена по прием на Известувањето за селекција на предлог проектот, да основа трговско друштво во кое како основачи ќе се јавуваат најмалку 51 отсто од членовите на тимот, објасни директорот.

Партнерите на Повикот „Паблик“ и Бизнис Импакт Лаб ќе обезбедат индивидуална менторска поддршка за избраните натпреварувачи во делот на комуницирањето на импактот, а ќе овозможат и пристап до национални и глобални програми за скалирање на нивните бизниси.

-Капитализмот што го живееме денес не ги даде очекуваните резултати. Напротив, направи големи штети во општествата. Верувам дека овој Повик е насока за создавање поодговорен систем во кој сите ние имам свој удел. Преку Повикот ќе се трасира патеката кон еден ваков систем, но ќе се обезбедат и финансиски инструменти за актуелните социјални претпријатија и оние кои во иднина треба да се развиваат. Ова е на некој начин апел до бизнисите на поинаков начин да ги гледаат работите – наместо само кон профитот, да бидат свртени и кон природата, општеството, човекот. Овој повик воедно ги насочува младите претприемачи и ја култивира нивната намера својот иновативен капацитет да го стават во функција не само на својата компанија, туку ина својата заедница, изјави извршна директорка на „Паблик“, Климентина Илијевски.

Според Кристијан Милески, менаџер и ко-основач на Бизнис Импакт Лаб, ФИТР има јасна цел кога станува збор за подигање на капацитетите на социјалните претпријатија.

-Индивидуалните менторски сесии уште повеќе ке го зајакнат импактот кон кој се стремат претприемачите и ќе биде од особено значење кон нивниот пат за раст и развој како на домашниот, така и на глобалниот пазар, рече Милески.

Процесот на аплицирање за Предизвикот и целата проектна документација се достапни на веб страницата на Фондот: https://fitr.mk/sp. Рокот тече од 9 септември, но промоцијата е денеска поради трагедијата во тетовската модуларна болница. Затоа и рокот за аплицирање, како што истакна директорот Петров, е продолжен за 15 дена.

извор: МИА

Next Post
Фото: МИА

АД ЕСМ долгорочно ќе изгради 1000 MW фотонапонски електрани

Shortcut

Најново

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026
30 години независност, 2021

35 наспроти 30 години независност: 25 пати повеќе пари, нула транспарентност

September 12, 2026
Никола Спасов

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 12, 2026

Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби за сајбер напади и биолошко оружје

September 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk