Интернет порталот Фронтлајн веќе две години пости само за Вас. Вистината, навременото и точно информирање, бројните анализи и колумни, интервјуа, борбата против лажните вести и говорот на омраза, застапување на страната на граѓаните, на дискриминираните, на ранливите, акцент на женските права, промоција на младите и нивните успеси, и секако европските вредности, во изминатите две години беа и ќе останат наша определба.
Редакцијата, колумнистите и соработниците кои во изминатите две години вредно работеа да ја дознаете вистината, поради довербата која нѝ ја дадовте, со уште поголем елан и ентузијазам ќе продолжат да работат во иднина.
Интернет порталот е основан на 21 септември 2019 година, на Меѓународниот ден на мирот.
За кратко време, со скромни капацитети, порталот го привлече вниманието на голем број читателки и читатели. Довербата и интересот за содржините на Фронтлајн растат секој час.
Фронтлајн вториот роденден ќе го прослави со своите најблиски соработници, согласно анти-ковид мерките и протоколи во рок барот Гарсон, на 21 септември. Прославата ќе почне во 17 часот и ќе трае три часа.
Редакцијата ги поканува соработничките и соработниците, читателките и читателите заедно да ja одбележaт двегодишнината од основањето на Фронтлајн.
Остануваме бескромпомиски, прогресивни и оригинални. Секогаш на ПРВАТА ЛИНИЈА!
Ви благодариме на поддршката и довербата. Следете нè и на нашите Facebook, Twitter и Instagram профили.
Запомнете, постоиме само за Вас!!!
Ваш Frontline.mk!!!