ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Северна Македонија го има петтото најголемо зголемување на „Глобалниот индекс за мир“ во 2021 година

September 22, 2021 14:16
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Според истражувањето на Институтот за економија и мир, Северна Македонија го има петтото најголемо зголемување во состојбата за мир на „Глобалниот индекс за мир“ во 2021 година, со 5,2 проценти подобрување на нејзиниот резултат. Земјата, како што стои во извештајот, се искачи за 11 места на ранг -листата на Глобалниот индекс за мир и сега е рангирана на 40. место. Се нагласува дека зголемувањето на мирот во голема мера беше поттикнато од подобрувањата во доменот на тековните конфликти.

Снимка од екран од истражувањето на Институтот за економија и мир

„Најголемо подобрување имаше во „показателот за интензитетот на внатрешниот конфликт“ и сега е на најниско ниво од 2016 година. Конфликтот со Грција e решен по потпишувањето на Договорот од Преспа, иако Бугарија продолжува да ги блокира преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. И покрај некои поделби во земјата околу Договорот од Преспа, прашањето не е толку поларизирано како што беше пред една година“, се наведува во анализата на Институтот за економија и мир.

Во доменот безбедност и сигурност, имаше подобрувања во политичкиот прогон, стапката на убиства, стапката на затворање и влијанието на тероризмот. И покрај овие подобрувања, Северна Македонија забележа влошување на перцепцијата за криминалот, се вели во извештајот.

Глобална состојби на мир. Снимка од екран од истражувањето на Институтот за економија и мир

Ова е четврта година по ред како Северна Македонија бележи подобрувања на доменот безбедност и сигурност.

Европа останува најмирен регион во светот. Од рангираните земји во Европа, Северна Македонија е на 27 место и е најбезбедна земја на Западен Балкан – Србија (44. место), Албанија (48. место), Црна Гора (51. место), Босна и Херцеговина (72. место) и на 80. место од земјите од Западен Балкан се наоѓа Косово.

Состојба на мир во Европа. Снимка од екран од истражувањето на Институтот за економија и мир

Исланд продолжува да биде најмирната земја во светот, позиција што ја зазема од 2008 година. Авганистан е најмалку мирна земја во светот четврта година по ред, па следат: Јемен, Сирија, Јужен Судан и Ирак.

Поголем дел од земјите во Европа и Западен Балкан бележат напредок во состојбата за мир, безбедност и внатрешна стабилност.

Глобалниот индекс за мир, во 15-то издание по ред, рангира 163 независни држави и територии
според нивното ниво на мир. Овој извештај ја претставува најсеопфатната досегашна анализа за трендовите во мирот, неговите економски вредност и како да се развијат мирни општества.

Ј. Ѓорѓиоски.

 

Next Post

Царовска: Брзи тестови во училиштата не се препорачани од Комисијата, треба да се почитуваат протоколите

НАЈНОВО

Јужна Африка 12 часа држеше 150 Палестинци во авион

November 14, 2025

ЕК за оценките за „ново мнозинство“ во ЕП: Секогаш ќе бидеме подготвени за соработка со проевропските и продемократските сили

November 14, 2025

Клековски: Дијабетичарите се третираат со трета генерација инсулин, Владата работи на разрешување на дефицитот на сензори

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk