ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Преглед на денот: Новата инвестиција на „Текнопанел“ од 16 милиони евра, со шесте пакет мерки на Владата спасивме од 60 до 80 илјади работни места, се препорачува трета доза вакцина

September 23, 2021 21:02
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Со новата инвестиција на „Текнопанел“ се отвораат 120 нови работни места, во време на пандемија успеавме да ги зголемиме пензиите и да ги исплаќаме предвреме, според новите препораки, се препорачува трета доза вакцина за граѓани над 60-годишна возраст и кај здравствени работници, без разлика на возраста, како и за хроничните болни

ПОЛИТИКА, ЕКОНОМИЈА

Делегација на турската компанија „Текнопанел“, предводена од сопственикот Орхан Кахвеџи одржа работна средба со премиерот Зоран Заев и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски на која беше презентирана новата инвестиција на компанијата во Северна Македонија.

Бројката на невработени изнесува 15,9 проценти, пред пандемијата беше 17,2 проценти, пандемијата придонесе  работниците да излезат на пазарот на трудот бидејќи беше загрозена егзистенцијата, затоа пак владата со шест пакет мерки се потруди да бидат спасени работните места и според оценките не само наши туку и на меѓународни финасиски институции говорат дека со овие пакет мерки сме спасиле 60 до 80 илјади вработени.

Педесет нови млади лица ќе бидат вработени во центарот за грижа на корисници на „Филип Морис“ кој од „Телеперформанс“ од Атина се префрла во Скопје. Станува збор за модерен центар за корисничка поддршка во кој веќе работат 300 лица, а бројот на вработени ќе се зголеми за уште 50. Просечната плата е околу 700 евра што е над просекот во земјава.

Кога 92 проценти од работниците чекаат да го добијат своето право и законското решение што веќе требаше од 1 Октомври да се имплементира ние уште сме заглавени во собраниските процедури.

Се воздржувам од сите коментари се додека трае истрагата. Се надевам дека ќе ја прифатите оваа аргументација, не сакам никако да се сфати во некоја форма во која што не треба, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со пожарот во тетовската модуларна болница.

Македонија 2025  е позитивен пример за придонесот на македонските иселеници во економскиот и демократски развој на Северна Македонија, истакна претседателот Стево Пендаровски на средбата со претставници на организацијата во Њујорк.

Oпштините ќе добиват секоја година повеќе средства, но од 2024 година. Министерот за финансии Фатмир Бесими вчера најави предлог-измени на Законот за финансирање на општините со кои ќе се подобри нивниот фискален капацитет и ќе се зголемат приходите преку постепен раст на стапката на дотацијата од ДДВ и персоналниот данок на доход.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми денеска ќе извршат увид во изградбата на втората фаза на експресниот пат Штип – Радовиш, во должина од 16,9 километри.

ПАНДЕМИЈА

Националниот комитет за имунизација препорачува трета доза на вакцина против ковид-19 и, за сите здравствени работници без разлика на возраста и за сите граѓани кои имаат имунокомпромитирачки проблеми без разлика на возраста

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска се сретна со директорите на основните и средните училишта во Битола. На состанокот, на кој присуствуваше и градоначалничката Наташа Петровска, разговараа за текот на наставата со физичко присуство во услови на пандемија, за реформите во основното образование и за процесот на унапредување на средното стручно образование.

Во моментов има доволно вакцини против Ковид-19. Во текот на вчерашниот ден пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“, информираше министерот за здравство, Венко Филипче. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје вчера се регистрирани 491 случај на коронавирусот. Оздравени се 416, а починати се 16 лица.

В.Д

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Заев: Во европските учебници се избегнува етничката или националната обоеност на фашизмот

НАЈНОВО

Ралф Фајнс и сенката на злото: Вистината и митовите за улогата во Шиндлеровата листа

October 20, 2025

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 20 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000 гласови, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ падна 135.000 гласови, ЗНАМ најголем губитник, Левица и СДСМ со благ пад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk