На колена падна и големата фаворитка Мелникова, 4-та носителка на силниот тениски турнир во Висбаден, Германија и 138 места подобропласирана на ВТА листата од нашата Лина Ѓорческа. Одлична игра и победа во два сета (6-3 ; 7-5).
Пласманот во четвртфиналето веќе ѝ донесе на Ѓорческа нови 21 поен и напредок од околу 40 места на ВТА листата.
Противник на нашата тенисерка во утрешното четвртфинале ќе биде Федерика Ди Сара од Италија, осма носителка на турнирот. Евентуална победа за Лина би значеле нови 21 поен и скок за уште дополнителни 20-тина места на светската листа за најдобри тенисерки.
А. Лукароски