Во присуство на високи претставници на владата и државниот врв, институции, невладини организации и бизнис секторот, вечерва во германската амбасада во Скопје, во живо се следат парламентарните избори во Сојузна Република Германија.
Германците денеска го избираат идниот состав на парламентот, а индиректно идниот канцелар, кој ќе ја наследи Ангела Меркел.
На изборите ќе гласат околу 60,4 милиони Германци. Федералната изборна комисија ја одобри кандидатурата на вкупно 54 партии, но на изборите излегуваат 47 партии. Се натпреваруваат 6.211 кандидати, од кои 2.024 се жени.
Во својот говор пред присутните, германската амбасадорка Анке Холштајн, истакна дека ова се неизвесни избори, на кои се одлучува и за тоа кој ќе ја наследи канцеларката Ангела Меркел која беше на власт цели 16 години.