ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Шилегов запрепастен од ветувањето на Арсовска, каков сигнал дава посетата на Фон Дер Лајен, проект за јакнење на отпорноста на Ромите

September 28, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС

Доста непромислено и нелогично изгледа ветувањето на Арсовска за бесплатниот јавен превоз за скопјани, додека цела програма на Шилегов е однапред смислена и логична. Пакетот од социјални поволности на Шилегов е наменет за сите групи, за возрасните и пензионерите, лицата со попреченост, лицата со ретки болести, младите и идните родители. Мицкоски повеќе време троши на напаѓање на Заев и СДСМ, отколку да понуди нешто на граѓаните. Фон Дер Лајен ја дава целата поддршка за почеток на преговорите.

ПОЛИТИКА И ИЗБОРИ

Северна Македонија е посочена како светол пример кој останатите држави е пожелно да го следат во истражувањето за „Отвореноста на извршната власт“ во регионот, во кое предмет на анализа беа Србија, Северна Македонија, Црна Гора и БиХ, на Конференцијата што денеска се одржа во Подгорица, по повод светскиот ден за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Христијан Мицкоски вчера потроши повеќе време за неосновано да го напаѓа СДСМ и претседателот Зоран Заев, отколку да им понуди на охриѓани и граѓаните на државата, реални издржани мерки и проекти. Сето тоа кажува колку ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат понуда на овие избори и дека ќе ја користат секоја прилика преку лажни вести и конструкции да бараат алиби за поразот што им следува на изборите, велат од СДСМ.

Бесплатен јавен превоз за сите скопјани и понуда на избор за жителите за еколошка алтернатива на нивните автомобили беше најавено денеска на прес конференцијата што ја одржа кандидатката за градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска. Оттука произлегува прашањето Аросвска, која се претставува како „врвен менаџер“ може да изнесе вакво ветување, без притоа да има одговорност за истото и како тоа би се рефлектирало врз целокупното функционирање и солвентност на градот?

„Јас сум изненаден за некој што се себе си се претставува за добар менаџер, како така напамет дава ветувања. Трошоците на јавниот транспорт во градот Скопје изнесуваат околу 30 милиони евра годишно. Основниот буџет на град Скопје е 80 милиони евра годишно. Ако градот го земе буџетски да го финансира целокупниот јавен превоз, тогаш со што ќе се финансираат останатите активности на градот“, истакна Шилегов за ветувањето на Арсовска.

Посетата на Фон Дер Лајен е силен сигнал за потребата од дејствување и исполнување на европското верување: почеток на преговорите. Исчекор ни е повеќе од потребен за да ја вратиме вербата и надежта на младите луѓе во европската идеја и перспективата за европски начин на живот дома, објави Димитров.

Политиките на Владата даваат резултати, краварската фарма „Милко ХФ“ од Прилеп е доказ за тоа. Добра бизнис идеја, максимална посветеност во работата, пресметан план за развој во соработка со долгорочен и сигурен партнер, се едни од препознатливите рецепти за сигурен раст и развој на бизнисот, напиша во објавата на Фејсбук, кандидатот за градоначалник на Пртилеп, Горан Сугарески после посетата на краварската фарма „Милко ХФ“ од Прилеп.

ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА И РЕГИОН

Шилегов произлезе со пакетот финансиска поддршка за сите групи граѓани во следните четири години. Овој пакет од социјални поволности е наменет за сите групи, за возрасните и пензионерите, лицата со попреченост, лицата со ретки болести, младите и идните родители.

Ромската заедница е непропорционално повеќе погодена и поранлива од пандемијата со КОВИД-19 за разлика од мнозинското население. Се работи на проект за јакнење на отпорноста на Ромите и нивно проактивно дејствување во кризни ситуации.

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен денеска во Тирана, на заедничката прес-конференција со нејзиниот домаќин, албанскот премиер Еди Рама рече дека дава целосна поддршка за отпочнување на преговорите на Албанија и Северна Македонија со ЕУ. 

ЛАЖНИ ВЕСТИ

Во статистиките на Институтот за јавно здравје за починати од ковид од 1 до 14 септември нема евидентирани лица од Свети Николе на возраст до 45 години. Нема докази дека петмина од Свети Николе починале или се во тешка состојба поради вакцината.

АХА

Вмровски извори за АХА, велат дека во програмата што ја доставила Арсовска се ветува и по едно Ауди Е-трон, за секој полнолетен скопјанец што не преферира да се вози со јавен превоз. Се работи за најновата варијанта на Ауди на електричен погон од 2021 година, која ако победи Арсовска ќе ја возат сите скопјани без да загадуваат околина.

М. М.

Next Post

Ацеска: ВМРО-ДПМНЕ го промаши глаголот во официјалниот слоган за локалните избори

НАЈНОВО

Поскапуваат горивата

August 25, 2025

Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

August 25, 2025

Најмалку 15 луѓе загинаа меѓу кои и четворица новинари во израелските воздушни напади врз Газа

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk