Скопје со оптимизам по средбите во Брдо кај Крањ, ЕК со став дека членките не смеат да се мешаат во внатрешните работи на други земји. Долгови за струја, услуги, превоз, долговори произлезени од договори со јавни и приватни фирми, кампати…општините до пред само четири години беа жртви на недомаќинско работење и расипничко работење од страна на претходните градоначалници.
ПОЛИТИКА, ИЗБОРИ И ЕКОНОМИЈА
Мицкоски за тебе ќе гласаат спомениците и врбите, за нас нашиот народ, Никој од нас сам за себе не е ништо, без централната власт ниту ќе се раздолжеа општините ниту ќе ги имавме проектите во Радовиш, во време на најсериозните државни прашања, пандемија иневстиравме во цела источна Македонија, истакна Заев од Радовиш.
Дури една третина од општините имаа акумулирано долг повисок од еден милион евра. Од парализирани во долгови за 4 години општините се раздолжија и реализираа 7 илјади проекти. Во 2018 година, Владата издвои над 3 милијарди денари или околу 50 милиони евра неповартни и строгонаменски средства со цел да го зајакне фискалниот капацитет на општините, сервисирање на долговите и раздолжување кон стопанството.
Заев посочи дека земјава има одлична географска положба тоа треба да го искористиме и да го сплотиме, но граѓаните одбираат. Гасификацијата заедно ќе ја направиме во Радовиш, улиците и водоводните мрежи, две детски градинки, културен центар, а сите проекти имаат поддршка од централната власт, рече Заев.
Земјите-членки на ЕУ под ниту еден услов не смеат да се мешаат во внатрешните работи на други држави, независно дали се членки на Унијата или не, велат од Европската комисија, одговарајќи на прашање на дописничката на МИА од Брисел за изјавите на бугарскиот претседател Румен Радев, откако тој изјави дека очекува 120 илјади граѓани во Северна Македонија да бидат попишани како Бугари.
По предупредувањата на преработувачите дека е можно зголемување на основните прехранбени продукти до 50 проценти, од Владата и вчера смируваа дека доколку има ценовни шокови, ќе се интервенира и ќе се донесе одлука за замрзнување на цените. Уверуваат дека државата е финансиски стабилна и подготвена навремено да реагира.
Неготино знае да направи разлика. Со заложба на Владата и на локалната власт, после 39 години конечно имаме нова градинка во Неготино, за повеќе од 160 дечиња да може да имаат безгрижно детство кажа заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на трибината „Најдоброто за мојата општина“ во Неготино.
Во овие четири години направивме поместување и развој на нашиот град, порача претседателот на Комисијата за транспорт на СДСМ, Благој Бочварски на партиската трибина во Штип. Тој кажа дека Социјалдемократскиот сојуз покажал како треба да се работи за граѓаните и како од режим се носи до слобода, а од 2см. асфалт се прават капитални проекти за градот.
Доаѓа време на покрупни проекти за општините, изминатите четири години докажавме дека Владата има слух за општините, реализирани се над 7.000 проекти во сите општини, изградени се 60 градинки, 80 училишта, 60 објекти за полицијата, 34 здравствени установи, 20 домови на култура, театри, општински згради, порача синоќа од митингот во Штип, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Ние водиме одговорна и сериозна политика, за разлика од Влатко Ѓорчев и ВМРО-ДПМНЕ. Не ја држиме државата десет години во тунел, ние не го добивме печатот на заробена држава од Европската комисија. Ние не бевме и не сме скарани со сите соседи, кажа министерот за правда Бојан Маричиќ во дебатата на „24 анализа“.
Клучката кај Момин поток ке биде најсофистицирано сообраќајно решение во урбана средина во државата, истакна Шилегов. Карпош е една од најразвиените скопски општини. Со малку посветеност и работа може многу да се направи буквално за секое катче од оваа општина, со овие зборови градоначалникот Шилегов го започна своето обраќање.
ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изгуби изборите по седми пат, а две третини од нивното раководство е со обвиненија и тие сега на спотовите морбидно се подигруваат со пожарот во Тетово, кажа претседателот на СДСМ, Зоран Заев на партиската трибина во Штип. Влеговме во НАТО и го зачувавме македонскиот идентитет, по седми пат ќе го поразиме ВМРО ДПМНЕ.
ЛАЖНИ ВЕСТИ
Александар Ѓорѓиоски, претседателот на СДММ Прилеп, преку објава на Фејсбук, ги демантираше лажните тврдења на потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски искажани на „Канал 5“ телевизија. Николоски го обвини Ѓорѓиоски дека манипулирал со лицето Р.Т за кого има покренато кривична пријава поради закани за кандидатот за градоначалник во Прилеп, Борче Јовчески.
ПАНДЕМИЈА
Бројот на активни случаи на КОВИД-19 во земјава е 10.785 лица, додека опфатот на вакцинација со една доза, на полнолетната популација е 47 отсто, а со две дози опфатени се 44 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, покажуваат информациите на Министерството за здравство.
Задолжителен документ за Ковид-19, пополнет PLF формулар и задолжително тестирање при влезот во земјата, за оние кои патуваат со негативен тест, и понатаму се предусловите за патување во Грција, кои важат и за државјаните на Северна Македонија.
М. М.