пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Животот му се смее на разумот.
Разумот тоа не може да го поднесе и тука почнува неговата мака која во егзистенцијализмот ја достигнува трагикомичната кулминација.
Всушност, идејата на егзистенцијализмот е дека вистинското постоење се постигнува само преку операцијата во која животот ќе го совлада разумот.
Отпорот и ограничувањата на разумот.
Односно баналностите на кои разумот го сведува животот.
Хахаха.
Кај нас е обратно: разумот му се смее на животот.
Го смета за недостоен на своите формулации.
За нешто што одбива да се покори.
За нижост која можеби не заслужува презир, но заслужува добро подјебавање.
Тоа е ова хистерично спрдачење што го демонстрираме преку социјалните мрежи и преку другите медиуми.
Со Македонија.
Со државата и со нацијата.
Со Заев и со СДСМ.
Со ДУИ-аух.
Затоа што сите тие работи, така мисли добар дел од јавноста, се во судир со разумот.
Што е в ред.
Сè додека не се прашаме: а кој курац е нашиот разум!?
Додека не разбереме дека имаме основи да се сомневаме дека нашиот разум е во судир не само со животот туку и со самиот себе.
Хахаха!
Егзистенцијалистичката догма која го дефинира хендикепот што разумот му го подарува на животот, во Македонија е превртена во баналност во која разумот му се смее на животот, му вика нема ти да ми наложуваш што јас да мислам за тебе. Македонецот се однесува кон животот како што цицијата се однесува кон богатството, тој го потчинува богатството на себе и го стерилизира, го фиксира, го изолира, се однесува како маж кој сомнителната потенција во средбата со убава жена ја правда со морални причини што ги врзува со славните јунаци од химната, мислејќи дека тоа се разумни разлози.
И со други слични тралалајки.
Нека да заклучиме: Нашата проекција на животот е многу тесна, себична, ограничена и смртоносна.
Ние сме како мајмуни кои одбиваат да се симнат од дрвата на кои повеќе не растат банани.
Еве неколку илустрации.
Сум ги нотирал многу пати, но што да се прави, јас сум подосаден кон Македонците отколку што се тие кон животот.
- Идејата дека историјата праведно завршува со остварувањето на македонскиот државен и национален проект.
- Идејата дека вмро е националниот архитект кој ќе ја прероди нацијата што се родила во судирот со него и ќе го дотера внатрешниот простор по мерка на најдлабоките, најглупавите и најсмртоносни заблуди.
- Идејата дека зад нашата маленкост стои Југославија.
- Идејата дека внатрешното распаѓање на општеството можеме да го камуфлираме со фолклорни напеви, вмровски проливи и општа хистерија.
- Идејата дека добрите намери (едно општество за сите) можат да нè хомогенизираат на минимално ниво благодарејќи им на својата благородност.
- Идејата дека лагите во историската конституција ќе ги држи под контрола самото наше постоење.
- Идејата дека илинденскиот и асномскиот циклус се вселенски проекти кои се отпорни на нормалните поместувања во регионалната и светска геополитичка еволуција.
- Идејата дека Македонија како таква е моралната вертикала и врв на опстојноста на европската праведност.
- Идејата дека внатрешните конфликти се внатрешна работа која не ги допира или буши опните на балонот во кој живееме.
- Идејата дека некоја елита, неодговорна, злобна и злосторничка, ни ја ебе мајката без да ја остави трудна или ја остава трудна само за да покаже дека ние сме биле во право.
- Идејата дека државата е сервис за граѓаните кои кон сервисот немаат никакви други обврски освен да го користат.
- Идејата дека внатрешната институционална структура не смее да се менува дури и откако ќе се утврди дека е лага сама по себе или е таква за да ја крие лагата, како Ману, да речеме.
- Идејата дека културата ќе ја произведуваме, негуваме и негираме по задача на нацијата, во функција на нацијата, а не по задача и во функција на културата.
- Идејата дека лигавењето врз Македонија е повредно од сета вистинска љубов, од напорот да се сака една ваква деликатност, наспроти евтиното пијанчење на комитлакот, наспроти нексттајмовите, гордите македонки и сличните избливи на тикви преку плотот.
- Идејата дека местото кај што нè однела храброста на поединци и трпението на историјата, како во случајот со Заев и неговите политики, не е добро и дека спасот е во тоа да се вратиме на местото кај што ќе чекаме да падне гилотината на времето.
- Идејата дека Мицковски, Милошоски, Николовски, Арсовска можат да бидат субјекти на нашиот демократски избор како понуда во судирот со Заев и сдсм и притоа да мислиш кој ќе победи, еј!
- Идејата дека Катица, Биљана, Сузана и Тања ќе ги третираме не како нормална дефекација на националниот организам туку како храна на иднината.
- Идејата дека е можна власт без медиумска поддршка.
- Идејата дека е можна политика во услови на комплетна медиумска опструкција.
- Идејата дека има морални основи единствените реални пробиви во огромните наталожености на лаги, да се стават како панаѓурски кутии што веселиот народ ќе ги бута со топки од софиски пуцвал од домашно куновско плетење.
Разумот ги ограничува можностите на животот.
Особено ако е дефектен.
Егзистенцијалистичка интервенција, во примитивен обид, се разбира, може да ни го позаебава разумот и да ни каже што треба да правиме за да го живееме животот.
Јас велам: Марш у курац!
Левици, десници, вмровици и сите останати курци.
Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.