ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Денес сме дел од најпрогресивните демократии, Бугарија не го прифаќа македонскиот јазик за Фронтекс договорот, се намалува бројот на смртни случаи

October 11, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија го чествува Денот кога како дел од антифашистичката коалиција дојде до своја и слободна држава, денес дел од најпрогресивните демократии. Инвестиравме во проекти што живот значат, над 100 км патишта, над 60 градинки, 80 училишта, 34 болници, проекти со повеќе од 500 милиони евра, 50 милиони евра за долговите на општините, а реализиравме над 7000 проекти, истакна Заев. Бугарија сеуште не попушта околу Фронтекс. Се намалува бројот на починати како компликација на корона вирусот.

ПОЛИТИКА И ИЗБОРИ

Од Европската Комисија за потврдија дека договорот за управување со границите помеѓу ЕУ и Северна Македонија останува блокиран од страна на Бугарија затоа што оваа земја не го признава македонскиот јазик. Договорот со агенција на ЕУ, позната и како Фронтекс, е заглавен три години, Бугарија одбива да го потпише поради јазичната клаузула.

Иако не сум дел од кандидатите на овие локални избори, ја следам кампањата и непријатно ме изненади еден коментар на кандидат за градоначаник на град Скопје, г-ѓа Петровска, каде префрлува одговорност на погрешна адреса. Имено, Ана Петровска е една од авторките на Студијата за оцена на влијанието врз животната средина на проектот за Национален гасификационен систем во Република Македонија Делница 5 Скопје-Гостивар-Кичево (Гасоводот на Водно) од 2011 година, обвини директорот на „Пошта“ и поранешен министер Јани Макрадули.

Ако пред 80 години, патриотизам беше да се земе пушка и да се води борба против окупаторот, денес патриотизам е да се креираат мерки и да се води борба против невработеноста и за повисок економски стандард, рече премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев од митингот на партијата во Прилеп.

Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, придружуван од заменик-министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Илхан Рахман, положи венец свежо цвеќе пред Спомен костурницата во Куманово посветена на борците кои животот го дадоа во народно-ослободителната војна.

Заев предводен од владината делегација заедно со  Битиќи, со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, положи венци цвеќе на споменичниот комплекс „Могила на непобедените“, како дел од програмските содржини за чествување на празникот 11 Октомври – Ден на народното востание и 80 години од овој настан.

Иако денес тешко е да се даде одговор на големите историски дилеми кои биле актуелни пред многу години, можеме да бидеме сигурни дека ако не бевме дел од антифашистичката коалиција, денес немаше да имаме своја држава, рече претседателот Стево Пендаровски во своето обраќање во рамки на свечена празнична програма за одбележување на Денот на народното востание, 11 Октомври во Прилеп.

Ќе го гасифицираме градот за да ја зачуваме природата, истакна Заев од Крушево. Се планира нов систем на вода за да немаат граѓаните проблем со водоснабдувањето, нови патишта, привлекување на туристи во секој дел од годината и поддршка од Владата за сите проекти.

Согласно новите најавени мерки од страна на градоначалникот Петре Шилегов, просечно скопско семејство со две деца или повеќе деца во градинка и основно училиште, на годишна основа ќе може да заштеди меѓу 350 и 400 евра на храна.

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Партизаните не носеле црни кошули, тие се бореле против „црнокошуљашите“ – паравоени формации на фашистите на Мусолини кои се изживувале врз сите неистомисленици, најмногу врз социјалистите, пишува Жарко Трајаноски на Фејсбук.

ПАНДЕМИЈА

Денес се регистрирани 111 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 195.002. Оздравени се 165 пациенти, во изминативе 24 часа –  пријавени се 15 починати лица.

Вакцинацијата против Ковид-19 го намалува ризикот од хоспитализација и смрт за 90 проценти кај луѓе постари од 50 години, и се чини дека е ефикасна против Делта варијантата  коронавирус, покажуваат резултатите од нова француска студија.

СВЕТ

Поверојатно е дека политичките објави на социјалните медиуми ќе станат вирални доколку во нив се критикуваат противниците, во споредба со оние што се поддржува колега со ист политички став, покажа британска студија. Негативното го надминува позитивното на социјалните медиуми.

М. М.

Next Post

Нова регионална мрежа за дигитално јавно здравство СЗО Европа – Западен Балкан

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk