ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Судири со полицијата во северниот дел на Косово, десетина Срби повредени

October 13, 2021 13:43
in ДЕНЕС, РЕГИОН
МИА

МИА

Share on FacebookShare on Twitter
Десетина Срби се повредени, од кои еден се бори за живот, за време на судирот со припадници на специјалната косовска полиција во северниот дел на Косово, изјави денеска директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ и ги повика КФОР и меѓународната заедница итно да ги заштитат косовските Срби.

Петковиќ на прес-конференција во Владата на Србија, истакна дека поради настанатата ситуација српскиот претседател Александар Вучиќ заминал во Рашка, каде во 15 часот ќе се состане со политичките претставници на косовските Срби.

– Меѓу десетиците повредени, беше застрелан и тешко повреден Среќко Софронијевиќ (36), за кого се борат за живот во операционата сала во Косовска Митровица. Директорот на болницата истакна дека бил погоден во градите и дека ќе му извадат куршум заглавен во белите дробови. До ова доведе дивјаштвото на косовскиот премиер Албин Курти, изјави Петковиќ.

Тој нагласи дека ова е седми упад на косовската полиција во српски области, каде со „рафали“ се нападнати Северна Митровица и Звечан, оценувајќи дека намерата на Курти е „да предизвика големи конфликти“.

– Ги повикуваме и КФОР и меѓународната заедница да реагираат и да го спречат лудилото на Албин Курти. Бидејќи ако КФОР не е способен да реагира и да го заштити српскиот народ, има такви што ќе реагираат. Ова е вистински момент да го слушнеме одговорот од меѓународната заедница, која е должна да го одбрани српскиот народ, рече Петковиќ.

Тој наведе дека Србите ги спречиле единиците на специјалната косовска полиција да стигнат до техничкото училиште во Северна Митровица, а тоа истото го сториле и во Звечан, каде ги избркале „под рафали“, бидејќи упаднале во магацини и приватни куќи.

Петковиќ истакна дека Приштина од ден на ден генерира криза и се обидува да создаде нова реалност, но дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјавил дека Бура и нов погром на Србите нема да се повторат.

Тој ги повика Србите да останат воздржани и смирни и да не наседнуваат на провокации.

Next Post

(ВИДЕО) Компании на Данела Арсовска не плаќале струја, направиле долг од 54.000 евра, документи откриваат голем скандал за кандидатката на Груевски

Shortcut

Најново

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk