ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Гласањето на болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и затворениците за локалните избори тече без проблем

October 16, 2021 14:29
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во тек е гласањето на Локалните избори 2021 за болните, немоќните и лицата со Ковид-19 и во самоизолација, чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии, затворениците, лицата во притвор, во старските домови и внатрешно раселените лица, кое, како што информираше претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски на денешната прес-конференција, тече без проблем, пренесува МИА.

– Со право на глас на овие избори во избирачкиот список се запишани 1 824 863 лица. Денеска, пред денот на изборите, своето право на глас можат да го остварат вкупно 10 653 гласачи. На гласачките места во 13-те поправно казнени установи, можат да го остварат 1 899 гласачи. Сите гласачки места во казнено-поправните установи се отворени утрово во 7 часот и гласањето таму ќе трае до 19 часот. До овој момент гласањето тече без проблем, наведе претседателот на ДИК.

Тој додаде дека во текот на денот, своето гласачко право во единствениот Центар за внатрешно раселени лица ќе може да го остварат и шест гласачи кои се водат како внатрешно раселени лица.

– Во установите за вонсемејно згрижување, своето право на глас можат да го остварат вкупно 351 гласач. Во текот на денешниот ден, избирачките одбори во државата ќе го спроведат гласањето на лица кои се болни и немоќни или во куќен притвор. Од општинските изборни комисии кои доставиле известување со соодветна документација во своите домови гласачкото право ќе го остварат 7 921 граѓанин кои се пријавиле за гласање, посочи Даштевски.

Тој истакна дека во своите домови ќе гласаат 476 лица, кои се во домашен карантин или им е определена мерка самоизолација поради Ковид-19. Ова гласање, додаде тој, ќе го спроведат посебни избирачки одбори составени од медицински персонал и лица номинирани од политичките партии.

– Постои изразен интерес за набљудување на овие избори од страна на домашни и странски организации и медиуми. ДИК издаде акредитација за набљудување на 1247 набљудувачи од кои 870 се домашни, 367 странски и 10 странски новинари, нагласи Даштевски.

На новинарско прашање околу информацијата на ЦИВИЛ дека недостигаат околу 40 лица на Избирачкиот список во казнено-поправните установи и дека избирачкото место во КПУ Идризово било отворено со задоцнување, претседателот на ДИК одговори дека Комисијата е најкомпетентно тело и оти немаат добиено таква информација.

– Јас ви ги кажувам официјалните податоци што ги имаме ние како ДИК, сметам дека ДИК е најкомпетентното тело, ако имаше таква информација ќе ви кажев, сметам дека не е точна таа информација, одговори Даштевски.

Next Post

Ангел Димитров: Не верувам дека Софија ќе направи отстапки кон Скопје под надворешен притисок

Shortcut

Најново

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

31 година од атентатот врз Киро Глигоров: Сторителите и нарачателите сè уште непознати

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk