ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Преглед на денот: ЕУ Извештај – Парламентарната работа попречена од политичката поларизација, Заев со отворено писмо до членството,потпишан меморандумот за изградба на Коридорот 8.

October 19, 2021 21:02
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ го слушна гласот на граѓаните и ќе направи сè да го обедини прогресот.Напред другари. Борбата продолжува, вели Заев во писмото. Одѕивот на неделните избори е 48,99 проценти. Министерот Бочварски го потпиша меморандумот за изградба на Коридорот 8. Одѕивот на неделните избори е 48,99 проценти. Министерот Бочварски го потпиша меморандумот за изградба на Коридорот 8.

ПОЛИТИКА И ИЗБОРИ

Малатa излезност на првиот круг од Локалните избори 2021, најниска од независноста досега, ги „стопи“ гласовите на политичките партии, споредено со локалните избори 2017 година, покажуваат податоците на Државаната изборна комисија. Одѕивот на неделните избори, според веб страницата на ДИК е 48,99 проценти.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев два дена по изборниот ден преку писмо се обрати до членовите на партијата, во кое потенцира дека промените не се доволни и дека борбата не е завршена. Тој дополнува дека СДСМ греши, но учи и се поправа. Писмото на претседателот на владејачката партија ТУКА.

Владата на денешната редовна 113-та седница, усвои измени и дополнувања на ковид протоколите за работата на угостителските објекти (кафетерии и објекти за исхрана) со кои е укинато ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти и се дозволува поголема исполнетост на капацитетите и во отворениот и во затворениот дел.

МИА

Ексклузивно дел од ЕУ извештајот: Одлагањето на преговорите негативно влијае врз Северна Македонија. Во март 2020 членовите на Европскиот Совет едногласно ја одобрија одлуката да се отворање преговорите за членство со Северна Македонија. Одлагањата во официјалниот старт на преговорите за членство имаат негативни последици врз кредибилитетот на ЕУ, предупредува Европската Комисија.

Ексклузивно: Што содржи политичкиот дел од извештајот за Северна Македонија. Парламентарната работа беше попречена од политичката поларизација, интензивирана со Ковид-19, која повремено имаше последици врз обичните функции. Потребни се напори за зајакнување на улогата на Парламентот како форум за конструктивен политички дијалог, посебно во делот на реформската агенда за ЕУ, истакнува извештајот годинава.

Бујар Османи: Мнозинството е стабилно, нема да има нови избори и потреси. Тој оценува дека ДУИ постигна одличен резултат на изборите бидејќи, како што наведе, освоиле 130.000 гласа што е повеќе од 2017 година кога имале 89.000.

Христовски: Мора да го спречиме подемот на радикалите и националистите за да не се врати режимот. Не сме безгрешни, има грешки за кои треба да се корегираме и грешки кои се направени од изолирани случаеви на поединци, за кои не е криво ниту раковотството, најмалку власта, туку тие поединци кои лошо ја практикуваат или ја практикувале власта, а се нивни дел, на нив треба да се покаже прст, за кои има и треба да има одговорност“, пишува на Фејсбук Томе Христовски, градоначалинк на Крушево.

ЛАЖНИ ВЕСТИ

Вакцинацијата не се одвива под „уцена од фармацевтската мафија“, како што тврди постот, туку имунизацијата против ковид-19 во С. Македонија е на добороволна база. Исто така, ниту една вакцина против ковид не е генетска терапија, бидејќи научно е потврдено дека вакцината не е во контакт со човечката ДНК, која е носител на генетскиот материјал.

ПАНДЕМИЈА

Утре ќе започне скринингот на учениците во 9 средни училишта во Скопје. Во текот на утрешниот ден ќе се тестираат 258 средношколци, а низ државата продолжува во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа.

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.475 дози вакцини, од кои 917 се аплицирани како прва доза, 2.509 се ревакцинирани, а 49 граѓани примиле трета доза вакцина.

ФРОНТ, ESPRESSO, РЕНДГЕН

Тибам хибридниот режим…Кога тепаат опозициски пратеници, организираат крвави напади на Собрание, што им се чинеше не ќе изгубат пола општини со такво поведение, пичка им матер комуњарска хибридна. Ќе решавале децениски проблеми, ќе нè внесувале во НАТО, со сила. Со финти! Ето ви га на, бандо заевистичка, пишува во најновиот коментар на Јане Ѓорѓиоски.

Инерцијата е опасна работа, кога кочниците откажуваат послушност. Главното прашање, се разбира, е околу причините за значителното потфрлање на СДСМ во првиот изборен круг, бидејќи се испостави дека „на Мицкоски – сепак – може да му се верува“… Ребрендирањето на лидерот на опозицијата од конфликтна, во помирителна политичка фигура е со поголема брзина од онаа на забрзувањето на електричните автомобили на Илон Маск, пишува во најновата колумна Сашо Орданоски.

Шлаканица, шамар, бокс… Триесет години пишувам дека демократијата во Македонија не е можна се додека во понудата ја имаме организацијата што се вика вмро. Не само што не е можна демократијата, туку не е можна и Македонија, пишува Бранко Тричковски.

В.К

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk