ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Невозможна романса

Во политиката, од едната страна се неодговорните (политички) структури кои се служат со црна пропаганда и со сите дозволени и недозволени средства што може да се замислат. Од другата страна се политичките структури што, помалку или повеќе успешно, се обидуваат да се задржат на платото каде што се негува демократскиот дух, дијалогот, правото и правдата, помирувањето и прогресивните идеи. Разликата е како онаа меѓу порнографијата и високата естетика на еротската поезија

October 26, 2021 18:12
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Изборниот крвен притисок е зголемен, а средствата со кои се служат дел од политичките маратонци на јавноста ѝ се познати со децении. Тие се само малку поинтензивни во деновите меѓу двата изборни круга. Манипулациите и дезинформациите, заканите и говорот на омразата со години се толку интензивни што станаа норма, секојдневие, основна состојка на воздухот што го дишеме (Изборен рапорт #26). Контаминација на која се навикнаа белите дробови на општеството и без која, практично, не може да се замисли било кој процес во земјата на внатрешен, регионален или меѓународен план.

Гасење на свеста

Отсуството на систематски институционален, политички и општествен одговор на континуираното поткопување на националните стратешки определби, не може да се замени со скромните ресурси со кои располагаат медиумите и граѓанските организации. Особено кога општеството е крајно поларизирано, а политичките партии ја окупираат секоја педа од просторот за граѓанско дејствување. Кога институциите и прогресивните политички структури не успеваат да ги согледаат димензиите на хибридната војна, барем во нејзините основни облици, тогаш останува само да се „ловат“ можностите за гол опстанок на идеите и живуркање на процесите. И ризик тие да бидат сопрени, а состојбите да ескалираат во обратна насока.

Малкуте медиуми и граѓански организации кои се најистурени во одбраната на човековите права и слободи, медиумските слободи и етичките стандарди веќе одамна не успеваат да функционираат како јавен ресурс што може да ја обезбеди отпорноста на општеството против хибридните напади во кои спаѓа црната пропаганда. Ако воопшто и имале шанса некогаш да ја играат таа улога, сега тоа веќе не се.

Овој теоретски поглед на работите, во реалниот живот најочигледно се манифестира со стрмоглав пад на вредностите и гасење на свеста за улогата на граѓанките и граѓаните. За нивниот суверенитет. Онесвестување.

Краткорочни решенија без ефект

Решенијата (обидите) се краткорочни и неодржливи. Како на отворена рана да ѝ ставите фластер од трафика. Во услови на доминација на црната пропаганда, практично секоја прогресивна порака, знаење и акција во општеството и во јавниот дискурс немаат траен ефект или, поточно, се задушуваат со громогласната врева од дезинформации и говор на омразата. Со тоа, само се потенцира остриот контраст меѓу идеите и вредностите кои ги носат спротивставените страни во јавниот и политичкиот дискурс.

Во општеството, од едната страна е една мобилна, комплексна и добро организирана мрежа од различни структури со единствена цел – владеење на авторитарните елити без одговорност. Од другата страна е сѐ останато, кое лебди во сѐ потесната кошница под големиот балон, со премалку хелиум во него, на кој пишува демократија, еднаквост, владеење на правото и почитување на човековите права и слободи.

Како две небесни тела

Во конкретни примери, тоа може да се илустрира со состојбата во која се наоѓаат медиумите. Од едната страна имате меѓусебно добро поврзани и координирани медиумско-пропагандни машинерии со големи ресурси, сосе црните пари, кои немаат одговорност.

Од другата страна се медиумите кои ја негуваат одговорноста и се трудат да ги достигнат и да ги одржат професионалните и етичките стандарди, со јасна и транспарентна уредувачка концепција и ориентација.

Социјалните мрежи се само одлични, суперсонични транспортни возила чии одлики се брзината и пристапноста, но и површноста, што многу повеќе им одговара на креаторите на црната пропаганда, отколку на оние што се залагаат за демократски вредности во општеството.

И додека трепнеш, сите се вовлечени во кампања и пропаганда, во остра размена на пораки за вредности кои се толку остро спротивставени што ги прави комуникацијата и дијалогот невозможни. Како две небесни тела кои патуваат низ космосот во две различни насоки и „ќе се сретнат“ во бесконечноста. Или (на Земјата) во иста корупциска кошничка, на „другата страна“, но никогаш на средината.

Меѓу порнографијата и високата естетика на еротската поезија

Слично е и во политиката. Од едната страна се неодговорните (политички) структури кои се служат со црна пропаганда и со сите дозволени и недозволени средства што може да се замислат. Од другата страна се политичките структури што, помалку или повеќе успешно,  се обидуваат да се задржат на платото каде што се негува демократскиот дух, дијалогот, правото и правдата, помирувањето и прогресивните идеи.

Разликата е како онаа меѓу порнографијата и високата естетика на еротската поезија, на пример. Или летот на пеперутката наспроти оној на коњска мува. (Замислете ги пеперутката и коњската мува на романтична вечера.)

Или… Тоа ви е како да ставите искусен уличен тепач (street fighter) и шаховски велемајстор во боксерски ринг и да очекувате да победи шахистот. Или да го седнете тепачот на маса пред шаховска табла и да очекувате дека ќе влече прописни, шаховски потези.

Политика, и сè можно

Светската историја ја памти ваквата сегашност. Конфликтот е стар и добро познат, само технологиите се различни. Тоа што во ова доба се случува го отсликува нарушениот баланс меѓу спротивставените концепти за демократско и авторитарно општество. Како и во мугрите на стравичните конфликти меѓу нациите во минатиот век.

Како да се воспостави рамнотежа и дијалог меѓу две целосно различни концепции за општеството, за водењето политики и однесување во јавната сфера? Или со други зборови, а истото прашање: Можат ли да разговараат и да преговараат криминалецот и судијата, фашистот и демократот? Можат ли некогаш да седнат на иста маса, да се помират и да се зближат?

Тоа е невозможна романса. Не е недозволена, туку е невозможна. Можат да разговараат, секако, но не и да преговараат. Не без одговорност. Помирувањето не подразбира (само) амнестија. Одговорноста не подразбира (само) законски санкции. Да, грешките се направени и во минатото и во сегашноста. И поуката не е извлечена.

Сепак, историјата и сегашноста покажуваат дека во политиката сѐ е можно. Но покажува и дека последиците од такво зближување со краткорочни цели и привремено сопирање на деструкцијата – немале ефект. Барем не позитивен.

Особено кога интелектуалците, од кои се очекува да бидат прогресивни, заспале или се евтини надничари во злокобни антидемократски машинерии.

Кога интелектуалците се корумпирани или рамнодушни

Вреди ли да се очекува масовно освестување во време кога интелектуалните елити (во политиката, институциите, политиката и граѓанскиот сектор) се или корумпирани или рамнодушни? Тоа е едно од оние добри прашања за кои не постои добар одговор.

Сите се борат да обезбедат егзистенција, сигурност за себе и блиските, да напредуваат и да ги заштитат своите лични интереси. Но сето тоа има цена.

Парите имаат цена. Моќта има цена. Колку што се црни тие, толку сме црни и ние.

На крајот од „борбата“ (може и без наводници) ќе остане да одбереме една од двете можни изјави:

„Јас се обидов и дадов сѐ од себе моите вредности да ги одбранам и да ги пренесам на другите.“

или

„Не се обидов, им препуштив на другите да управуваат со текот на настаните.“

 

Creative Commons 4.0 (дозволено преземање, со линк до изворот). Текстот е личен став на Авторот.
Next Post
Зоран Заев

Заев: Постојното парламентарно мнозинство само ќе расне

Најново

Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

Мицкоски: Очекувам многу скоро информација од Брисел со која од последни, повторно ќе сме фронтранери во регионот 

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk