ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Заев дури сега не треба да брза со формално поднесување на оставката во собрание, пишува Орданоски, Села нема контакт со Апасиев

November 8, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС

Заев дури сега не треба да брза со формално поднесување на оставката во собраниска процедура, бидејќи иницијативата е на страна на опозицијата, пишува Сашо Орданоски во најновата колумна. Јунаци. Ќе убиваат, ќе палат, ќе колат, ќе бесат и ќе силуваат. Така си ја замислуваат луѓето правдата. И го искажуваат тоа онака како што ги разбрале своите политички претставници и лидери, пишува Џабир Дерала. ЕСМ: Планско исклучување на Блок 1 заради санација на скината цевка, враќање на мрежа до вечер.

ФРОНТ, ESPRESSO, РЕНДГЕН

Среде заглушувачката врева од испуканите балони.  Правда! Тоа е во устата и под прстите на тастатурата на политичарите и нивните онлајн војски. Јунаци. Ќе убиваат, ќе палат, ќе колат, ќе бесат и ќе силуваат. Така си ја замислуваат луѓето правдата. И го искажуваат тоа онака како што ги разбрале своите политички претставници и лидери, пишува Џабир Дерала.

„Дојди зло, оти без тебе уште позло!“- Опозицијата побрза, јавајќи на моментниот „висок бран“ на локалните изборни резултати, да се пофали со ново мнозинство во Собранието. Власта, со право, сега вели повелете, да гласаме, па да видиме дали го имате или не. Заев дури сега не треба да брза со формално поднесување на оставката во собраниска процедура, бидејќи иницијативата е на страна на опозицијата, пишува Сашо Орданоски во најновата колумна.

Поезија на „Првата линија“. Од денеска, 8 ноември, секој ден во 20 часот, Фронтлајн објавува една поетска творба, по избор на Тања Кармзова Костиглиола, македонска поетеса која живее и работи во Париз, Франција.

Дијалог со Ортега.

ПОЛИТИКА

Што после Заев?  Не треба да бидеме изненадени со решение што не е директно од СДСМ за мандатар, за да се одвојат тие две агенди и борби, во обид да се оневозможи нефер влијание на функцијата во Владата на подоцнежниот партиски избор, анализира Петар Арсовски.

Села: Не се согласувам со ставовите на Левица и немам контакт со Апасиев. Исто така и Арјанит Хоџа од Движење Беса пред две недели рече дека е против политиките на Апасиев кои ги нарече антиамерикански и антиалбански.

Зијадин Села

ЕКОНОМИЈА

ЕСМ: Планско исклучување на Блок 1 заради санација на скината цевка, враќање на мрежа до вечер. Од АД Електрани на Северна Македонија информираат дека заради дефект во котелот на Блок 1 за кој не постоеше никаква можност да биде саниран додека постројката е во функција, синоќа во 3 часот Блок 1 е исклучен од електроенергетската мрежа на државата. Се работи и на оспособување на Блок 2 кој беше во ремонт и се очекува и оваа постројка да биде на мрежа до крајот на неделава.

Од утрово РЕК Битола не произведува струја, двата блока се во прекин. Утре комисијата предводена од министерот за економија Крешник Бектеши ќе бара  Владата да прогласи кризна состојба поради енергетската криза. Тој тврди дека рестрикции не се потребни.

РЕК Битола

ПАНДЕМИЈА

Активни над 8 илјади случаи на ковид-19. Досега во земјата се направени вкупно 1.407.769 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.077. Оздравени се 190.806 пациенти, а починале 7.232 лица. Бројот на активни случаи е 8.039.

Двајца мажи на возраст од 35 и 38 години починаа во штипскиот Ковид-центар. Во Инфективното одделение се хоспитализирани 54 пациенти, од кои 48 се на кисолородна поддршка, а на Кожното одделение се лекуваат девет пациенти.

СВЕТ / ЗЕЛЕНА

Извештај: Глобалното затоплување ќе ги уништи економиите на земјите во развој.

Наодите на Кришчн Ејд покажуваат дека на повеќе од една третина од земјите во светот итно им е потребна помош за градење отпорност за да можат нивните економии да ги издржат горештините, сушите, поплавите и бурите, кои стануваат поинтензивни и посмртоносни поради глобалното затоплување.

И. Т. З. 

Next Post

Киднапирана тинејџерка спасена откако барала помош со давање знак што го научила на ТикТок

НАЈНОВО

Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

September 3, 2025

ОЈО: Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага

September 3, 2025

„Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk