ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Анализа од ИФИМЕС: Градоначалничката на Скопје Арсовска – манџуриски кандидат

November 11, 2021 11:56
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Креаторите на безбедносно-разузнавачката акција „Коњички скок“ во Будимпешта не се целосно задоволни од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи се работи за дел од доста компромитирани и исцрпени кадри против кои се води кривична постапка. Затоа, мораше да се најде лице, кое не беше оптоварено со наведените хипотеки. Пронајден е нов симбол за рушење на актуелната власт во лицето на Данела Арсовска, новоизбраната градоначалничка на Скопје, која формално се кандидираше како независен кандидат, а во основа е проект на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Арсовска до сега извршуваше различни функции со благослов на ВМРО-ДПМНЕ, а воедно е и почесен конзул на Унгарија и државјанин на Бугарија, што сликовито ја претставува како „манџуриска“„кандидатка.

Ова се наведува во анализата со наслов: „Северна Македонија 2021: Албанците ја предаваат државата во руски раце?“од Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана, за актуелната политичка ситуација во Северна Македонија по повод локалните избори и седницата на македонското Собрание за изгласување недоверба на актуелната влада.

Аналитичарите сметаат дека безбедносно-разузнавачката операција „Коњички скок“ досега е успешно спроведена и реализирана, со проекции дека наскоро ќе ја урне владата на Зоран Заев, ќе ја запре демократизацијата на Северна Македонија и ќе започне политички процеси со поништување на Договорот за добрососедство со Бугарија, Договорот од Преспа, Охридскиот договор, но и ја доведуваат во прашање веродостојноста на членството на Македонија во НАТО. Веќе не станува збор за политичката судбина на Зоран Заев, туку за судбината и иднината на Северна Македонија како држава, но и како регион.

Аналитичарите предупредуваат дека граѓаните не се целосно задоволни од темпото на промени и општествениот развој на Северна Македонија, што може да се смета донекаде и оправдано. Сепак, истражувањата покажаа дека северна Македонија сè уште е под силно влијание на неформалниот центар на моќ, симболизиран од тројката Груевски-Мијалков-Камчев, и сè уште држи дел од државата „заробен“ и делува субверзивно против власта за да произведе незадоволство. Производството на незадоволство е во функција на рушење на власта, имајќи предвид дека имаат значителни средства, а локалните избори беа уште една шанса да се урне владата на Зоран Заев, односно да се дестабилизира Северна Македонија и да се врати  државата во врмеето пред 2017 година. Аналитичарите предупредуваат дека НАТО ги потцени безбедносните закани за Северна Македонија, кои се поврзани со интензивното дејствување на рускиот фактор во таа земја и фактот дека Северна Македонија се соочува со историски пресврт и најтешка ситуација од независноста во 1991 година.

Сличен обид на „манџурискиот кандидат“ имаше и на претседателските избори кога Никола Груевски или ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да извршат своевидна контрареволуција како одговор на „Шарената револуција“ преку нивната кандидатка Гордана Силјановска Давкова која со помош на рускиот фактор и на дел од албанците се обиде да ја избрише колективната меморија за сè што се случуваше за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи нејзините настапи се базираа на игнорирање на 11-годишното владеење на дуото Никола Груевски (ВМРО -ДМПНЕ) – Сашо Мијалков и катастрофални последици од тоа владеење, се вели во анализата од ИФИМЕС.

Next Post

Кастриот Реџепи од Беса, наместо партиските и личните, ги одбра државните интереси

Shortcut

Најново

Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

July 25, 2026
Фото: Скриншот, ведео Јутјуб, Индипендант

Трамп воведе нови царини за над 80 земји

July 24, 2026

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk