ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

ИФИМЕС анализира: Демонтажа на режимот Груевски-Мијалков-Камчев, затоа е и нападот за уривање на актуелната власт

November 11, 2021 10:14
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Иако беше осуден на две години затвор, Никола Груевски избега од земјата и најде засолниште и политичка заштита кај унгарскиот премиер Виктор Орбан (ФИДЕС). Режимот на Никола Груевски е заслужен што незаконски извадил над пет милијарди евра од државата и незаконски прислушувал повеќе од 25.000 граѓани, додека бизнисмените биле принудени да му плаќаат „рекет“ на режимот. Во тој период редовно се произведуваа меѓуетнички конфликти кои внесуваа несигурност и страв кај граѓаните. Имаше огромно богатење на Груевски и поединците околу него.

Ова покрај другото се наведува во анализата од Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии, од Љубљана – ИФИМЕС, со наслов: „Северна Македонија 2021: Албанците ја предаваат државата во руски раце?“, во која се зборува за актуелната политичка ситуација во Северна Македонија по повод седницата на македонското Собрание за изгласување недоверба на актуелната влада, од- Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии, од Љубљана.

Некои премиери, кои доаѓаат од редовите на Европската народна партија (ЕПП) и кои работат на неговото враќање во Северна Македонија, исто така му даваат нескриена поддршка на Груевски, додека дел од македонските пари ограбени од режимот на Груевски се инвестираат во нивните земји, се вели во анализата од ИФИМЕС

„Разузнавачките служби открија и лоцираа повеќе од 160 медиумски портали, кои произведуваат (лажни вести) и скандали со намера да предизвикаат хаос и да ги дискредитираат пред се премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Ова е поврзано со Адинамик Медиа, компанија која води веб-страници кои ја поддржуваат опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Адинамик Медиа е поврзана со унгарската јавна телевизиска мрежа Magyar Televizo (MTV), која ја фаворизира водечката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан“, пишува ИФЕМЕС во анализата.

Анализата покажа дека Сашо Мијалков и Орце Камчев имале контрола врз целиот судски и полициски систем во Северна Македонија, со исклучок на обвинителите Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кои досега имаа клучна улога во заштитата на уставот, редот и правниот систем во државата. Дознаваме дека во притисоците и заканите за работата на институциите и носители на клучни функции бил вклучен и синот на Сашо Мијалков. Затоа, приоритет е конечно да се разбие режимот Груевски-Мијалков-Камчев, се вели во анализата од ИФИМЕС.

„За време на режимот Груевски-Мијалков, во северна Македонија беше формиран неформален центар на моќ, кој беше симбиоза на политиката, тајкуните и мафијата со поддршка на разузнавачкото подземје и кое всушност владееше со земјата. За жал, актуелната македонска влада само делумно владееше, не успевајќи целосно да ги порази неформалните центри на моќ и да го разбие режимот Груевски-Мијалков-Камчев, кој субверзивно дејствува против владата со огромна сума пари за да ја собори и да ја врати Северна Македонија во минатото. Активностите на овие кругови се насочени и против Договорот од Преспа, кој ја прекина изолацијата на земјата и овозможи членство на Северна Македонија во НАТО, што е историски успех на таа земја, бидејќи стана членка на Алијансата на модерни и демократски држави, а со тоа и го гарантираше нејзиниот територијален интегритет и суверенитет што е особено важно поради веќе познатите аспирации кон македонска територија. Овие кругови се претставници на руските интереси во Северна Македонија и регионот“, се наведува во анализата.

За јачината на неформалниот центар на моќ, како што стои во анализата, говори снимениот неовластен контакт на јавната обвинителка за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, со Сашо Мијалков во 2020 година во кафуле во Скопје. Обвинителката Русковска, иако не го водеше случајот Орце Камчев, побара да биде информирана за вештачењето на економско-финансиската фела, што е недозволиво и незаконски.

Аналитичарите сметаат дека тројката Никола Груевски – Сашо Мијалков – Орце Камчев наиде на пречки и отпор во своето дејствување во институциите на македонската држава, особено кај премиерот Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и затоа нападот за уривање на актуелната власт се засили по локалните избори.

Ј. Ѓ.

Next Post
Mark Lynch

Првите десет се бесплатни

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk