ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бочварски: Обиколницата Штип од утре ја пуштаме во употреба за сообраќај (ФОТО)

November 17, 2021 14:25
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Тоа што пред извесен период го ветивме, денеска го реализираме. Штип доби нова модерна обиколница, како дел од експресниот пат Штип – Радовиш, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, извршија увид на изградената обиколница.

Тие најавија дека од утре попладне обиколницата ќе биде пуштена за сообраќај за сите возила. Обиколницата е во должина од 6 километри, коловозот е проширен на 11,5 метри, со две коловозни ленти од 3,5 метри ширина и две ленти за застанување.

„Граѓаните на Штип, граѓаните на југоистокот, од утре ќе можат да возат по нова, модерна и безбедна обиколница, без притоа да мораат да влегуваат во градот. Практично со ова сообраќајот во Штип се враќа во нормала. Јас денес знам дека после 40 години направивме реконструкција на овој патен правец за наредните години и децении, а ќе биде пред се за поголема безбедност и побрз транспорт.“ – изјави министерот Бочварски.

Во однос на втората фаза на експрениот пат, од клучката кај Три Чешми, тој истакна дека се работи интензивно и очекувањата се комплетно патот да биде пуштен во употреба и пред крајниот рок кој е во април 2022 година.

 

Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, информираше дека градежните работи на втората фаза од експресниот пат Штип – Радовиш се влезени во завршна фаза.

„Градиме квалитетно согласно најновите и највисоките европски стандарди за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот. Таков е случајот и со обиколницата која од утре ќе биде пуштена во употреба за граѓаните. Коловозот е изведен како две коловозни ленти од по 3,5м ширина и две ленти за застанување од по 2м. На еден дел од делницата, пак, поради овозможување на влез и излез на индустриските капацитети се изврши рехабилитација на постоечкиот пат.“ – изјави директорот Рустеми.

На новинарско прашање министерот Бочварски истакна дека со средства од Министерството за транспорт и врски се гради браната на река Отиња, се реконструираат неколку улици во Штип, како и изградба на водоснабдителен систем во населбата Македонка.

Next Post

Иринеј бачки: Стара Србија е од Кајмакчалан во Македонија до Словенија

Shortcut

Најново

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk