Во јавноста секојдневно излегуваат детали за скандалозна препродажба на земјиште каде вмешани се функционери на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.
Меѓу нив е и Влатко Илиевски, човек од личното обезбедување на Мицкоски кој продал земјиште по неверојатна цена од 500.000 евра.
Наместо да се крие зад портпаролите Мицкоски да излезе пред јавноста и да одговори каква е неговата поврзаност со овој скандал?
Дали со негово одобрување и знаење се склучени договорите?
Дали разликата од препродажбата како црни пари завршиле во Белиот дворец за што постојат оправдани сомневања?
Затоа ли брзаше да се изгласа недоверба на Владата, за да го сокрие овој скандал?