ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Луѓе, зошто не се вакцинирате?

November 20, 2021 12:30
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Јане Ѓорѓиоски

Јане Ѓорѓиоски

Share on FacebookShare on Twitter

ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Бевме со сите симптоми на ковид. Благи, но ги имавме и двајцата дома. Направивме четири тестови, што брзи што ПЦР. Сите негативни. Чудно е да не е корона.

На мајка ми и роденденот и славата овој викенд, ја немам видено цел месец. Ќе почекаме уште десетина дена.

Ми се јавува роднина да праша како сме. Ѝ велам ок. е, нешто мала температура но константно се движи околу 37 веќе два дена. Не се покачува, но имаш чувство на омалаксаност како да имаш 39. Кивање што може да пробие до кај комшиите, слаба кашлица, нос течи. Ама не е лошо. И велам – чупево направи три теста, сите негативни, а и вкус и мирис изгуби неколку денови. Се прашувам што ќе беше да не бевме вакцинирани?

Нејсе, ако вака поминуваме вакцинираните, нека помини некое време и трета доза одам да мавам.

Ми кажува роднинава за две деца однесени во болница, а едниот од родителите со ковид завршил и на системи. Сите невакцинирани. Дедото на децата и тој позитивен, а вакциниран, ги носел на болница, зашто помладиов невакцинираниот, не можел, а дедово бил со благи симптоми и покрај триста болести што си ги имал.

Што е со луѓево, зошто не се вакцинираат?

Медицински лица одбиваат, велат не биле доволно испитани, тестирани вакцините…

Во светот до септември се аплицирани повеќе од 6 милијарди вакцини. Само во Кина се примени повеќе од 1,7 милијарди вакцини.

Што не се испитани? Како тоа не се доволно тестирани?

Методите на старите вакцини биле тестирани и испитувани со десетици години, велат поборниците за невакцинирање од ковид. Види молим те, ја откривте Америка?! Небаре научниците не знаат. Ако не да почекаме 10 години па да ја десеткуваме цела светска популација за да се задоволат вашиите „високи стандарди и критериуми“.

Нема ни еден нормален имунолог во светот и кај нас што не кажува дека засега единствено вакцините се спасот и дека се безбедни.

Сите статистики велат дека над 70% од хоспитализираните се невакцинирани, за смртноста се слични бројките. Ајде, еве „Филипче педер“, на нашиве не им верувате, но тоа се статистиките во целиот свет, побогу.

Не се работи тука ни за образование ни за урбани или рурални средини, социјален статус. Не знам за што се работи, ама рационален одговор не можам да си добијам зошто луѓево не се вакцинираат.

Имам познаници претходно прележани со последици, едвај глава спасија, сега најверојатно веќе без антитела и пак одбиваат да се вакцинираат.

Ништо не допира до нив. Ништо!

Илајдници научни трудови низ светот, стотици текстови имаме пренесено на нашиве портали од врвни епидемиолози и имунолози од светот. Сè е бадијалa, како да се затворени во некој презерватив за зачувување на глупоста.

Себични се, тоа за жал е вистинскиот одговор.

Читам едно умислено адвокатче на социјалниве мрежи подрива жестоко сомнеж кон вакцинацијата, затскриен позади човекови права, а долу еминентен лекар му одговара дека вакцините штитат од тешка клиничка слика и смрт и му објаснува дека и рехабилитацијата на вакцинираните пациенти е неспоредливо полесна и побрза.

Бадијала везе докторот, адвокатчичов си блуе фотки со Хитлер, фашизам било.

Вчера во Амстердам се испотепаа со полицијата, пред тоа се тепаа и во Париз и во Австралија. Денеска има протест во Скопје против новите најавени мерки за невакцинираните.

Синдикатите наместо да се борат за здравјето на работниците бараат да се намали цената на ПЦР тестот, или да бил бесплатен. Не знам како не се разбира, мерките се за да се натераат луѓето да се вакцинираат, за да се заштити популацијата, зачува здрваството и да имаме колку е тоа можно едно нормално живеење. Вакцинацијата е бесплатна.

Овие ги молат да му дадат шанса на животот, другиве шетаат како темпирана бомба и со својата неодговорност загрозуваат да не може да функционира здравствениот систем, а велат со мерките што се преземаат им се кршеле човековите права, слободата на избор, движење… Она што можеби навистина држи е дека прележаните до 6 месеци треба да се изземат од мерките, но она сè друго е чисто незнаење и несовесен егоизам.

Во еден телевизиски прилог на Телма телевизија гледам возрасни луѓе одговараат дека се вакцинирале и со трета доза, но никако не можат да си ги кандисаат помладите дома да се вакцинираат. Мислат на нивните возрасни деца. Истото неколкумина го констатираа во очај, се чудат не можат да поверуваат во што им се претвориле децата.

Не можам ни јас.

Текстот е личен став на авторот.

 

 

 

Next Post

(ФОТО) Нападнато Здружението ЛГБТ Јунајтед, Богоевски вели ова е доказ дека нацистичката доктрина постои и кај нас

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk