БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ
Денес, најголемата внука, Андреа, добила задача да напише песничка по повод денот на албанската азбука, за богатството на разликите. Морам да ја споделам со вас, драги мои фб пријатели:
Од Андреа, Максим и Ана…
Во моето маало,
Артан, Адријан, Максим, Ана и Андреа,
се другарчиња со различна вера…
На Артан и Адријан,
албанскиот им е мајчин јазик,
на Максим, Ана и Андреа, македонскиот…
Артан и Адријан пишуваат
со латинично писмо,
Максим, Ана и Андреа со кирилчно…
Денес Артан и Адријан,
го прославуваат денот на албанската азбука,
Максим, Ана и Андреа им честитаат…
Во моето маало,
сите деца со различни азбуки и мајчини јазици,
одлично се разбираат…
Во моето маало,
Артан, Адријан, Максим, Ана и Андреа,
се богатството на разликите…
Артан и Адријан,
Нека ви е чести денот
на албанската азбука,
од Андреа, Максим и Ана…
Песнава е напишана пред 2 години на денешен ден… Тенкју…