ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Беса Транс, Дурмо Турс, Еуро Бус – Автобуски несреќи на македонски превозници

November 23, 2021 12:45
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ТРАГЕДИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во изминатите неколку години, повеќе трагични автобуски несреќи се случија на територијата на Северна Македонија, но и надвор од неа, а автобусите беа во сопственост на македонски превозници. Најмногу загинати има во трагедијата која што се случи во Бугарија, утрото на 23 ноември 2021 година во која загинаа дури 45 лица, граѓани кои се враќале од Истанбул со автобуси на превозникот Беса Транс. За Дурмо турс сè уште нема судска разврска за несреќата која се случи кај селото Ласкарци, трагедија во која загинаа 16 патници од гостиварско.

Трагедија во Бугарија – Беса Транс

Рано изутрина на 23 ноември 2021 година, 45 лица загинаа во сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, кога се запалил автобус со македонски таблици што сообраќал на релација од Истанбул до Скопје. Од загинатите, дури 12 се деца, а загинаа и близнаци. Во несреќата загина и возачот на автобусот. Како што изјави за бугарските медиуми началникот на Пожарникарската служба Николај Николов, во автобусот патувале 52 лица, а седумина преживеаја и се во добра здравствена состојба.

Автобусот влегол во Бугарија од Турција преку ГП „Капитан Андреево“ нешто по 21 часот, а несреќата се случила околу 02 часот на автопатот „Струма“ на правецот Софија – Благоевград.

Автобусот бил целосно опожарен а еден од преживеаните изјавил и дека слушнал силна експлозија.

Делницата од автопатот на која се случи несреќата има многу проблеми, цело лето таму се поправаат дупки, изјави за БТВ експертот за патишта Дијана Русинова.

Автобуска несреќа во тој дел на Бугарија се случи и во 1996 година, загинаа 16 луѓе, но тогаш немаше автопат, пренесува БГНЕС.

Премиерот Зоран Заев и министрите Бујар Османи и Венко Филипче заминаа за Бугарија. Сочувсто пристигна од сите страни.

Директорот на бугарската националната истражна служба Борислав Сарафов изјави дека најверојатно станува збор за грешка на возачот или ненадејна техничка неисправност на автобусот. Бугарскиот министер за внатрешни работи Бојко Рашков, кој заедно за премиерот Стефан Јанев беше на местото на автобската несреќа, изјави дека причината детално ќе се разјасни во текот на истрагата која е во тек.

Во меѓувреме во Скопје, роднини и пријатели на жртвите се собраа пред затворените врати на Беса Транс, каде бараат одговори за трагедијата. Оттаму – молк.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски изјави дека по извршената проверка од страна на МВР, констатирано е дека автобусот на „Беса транс“, немал извод од лиценца за вршење на превоз на патници и дека согласно законот на компанијата ќе ѝ биде одземена лиценцата за работа, а ќе биде извршен и вонреден инспекциски наод.

Автобуска несреќа кај Ласкарци – Дурмо Турс од Гостивар

Автобуска несреќа кај Ласкарци се случи на 13 февруари 2019 година, околу 17 часот во атарот на селото Ласкарци, скопско, во која загинаа 16 лица.

Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ сообраќал на релација Скопје-Гостивар, со 51 патник, сите од Гостивар. Автобусот излетал од автопатот Тетово-Скопје и паднал во провалија откако ја пробил заштитната ограда на автопатот.

На местото веднаш претрчале мештани од Ласкарци и околината. За спасувањето биле мобилизирани сите комбиња на брзата помош од „Здравствен дом – Скопје“ и од приватни болници.

Во несреќата животите ги загубија: Дејан Ристоски, Раметула Абдураими, Валдете Хамити, Јовица Трпевски, Бесим Фетаи, Онур Садику, Есат Емрули, Ајдин Исмаили, Бејза Узеири, Зоран Давидовски, Бобан Аврамовски, Трпана Јаневска, Павле Костоски, Арсе Арсоски, Ферди Касо и Ерза Османи.

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

Автобус на „Хафет турс“ се запали сообраќајќи кон Сплит

Автобус на „Хафет турс“ кој сообраќал на релација Скопје – Сплит, во јуни 2019 година во 3 часот наутро се запалил во возење во близина на црногорското летувалиште Петровац.

За среќа, во инцидентот нема повредени, сите патници за кратко време го напуштиле автобусот, кој е речиси уништен од пожарот. Патниците го продолжиле патот со друго возило на компанијата.

Несреќа во Лесковац, Србија – превозник Еуро Бус

Во сообраќајната несреќа која се случи со македонски автобус Еуро Бус во близина на Лесковац, Србија загинаа три лица, еден маж и две жени. Несреќата се случи во декември 2018 година.

Неколку лица од вкупно 32 повредени беа во потешка здравстевна состојба, пренесоа српските медиуми.

Тогаш од компанијата „Еуро бус“ соопштија дека автобусот е произведен во 2006 година и уредно минувал на техничките прегледи, дека сите автобуси редовно се сервисираат со цел целосна безбедност на патниците.

Несреќа во Австрија 2018 година

Еден автобус се преврте во Австрија во близина на Линц, во октомври 2018 година, кога деветмина патници беа тешко повредени.

Австриските медиуми тогаш јавија дека сите повредени патници од Македонија се згрижени во болница, а поради несреќата бил затворен и автопатот кон Линц.

Според полицијата, до несреќата дошло кога автобусот застанал заради дефект, а во него удрил камион.

Камионот бил натоварен со дрва, а по сударот се превртела кабината при што возачот останал заробен. Биле ангажирани спасувачки екипи и тешко повредениот возач бил пренесен со хеликоптер во болница.

Автобус на гевгелиската агенција Дори Травел се запали во Грција – нема жртви

Македонски автобус со туристи утрото на 25 јуни 2017 година се запалил во Грција, на пат кон Халкидики. Во пожарот нема повредени патници. Сите 30 македонски туристи успеале безбедно да се извлечат од автобусот пред тој целосно да изгори. Петнаесет пожарникари и пет возила го гаснеле пожарот.

И. З.

Next Post

Германската амбасада во Скопје изразува сочувство за жртвите во сообраќајната несреќа во Бугарија

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk