Значи Русите се познати по правење на политичко-воени маневри и притисоци уште од одамна. Го растурија сето православие како зврчка, од Грузија до Молдавија па на тацна Ерменија, па војна во Украина и ништо ново, а Србија ете им е за поткусурување: Косово не признамо, ал Крим није проблем.
Од Владивосток до Додик стара приказна, а работата е – смрдеата на Северен Поток 2 и којзнае која апдејтирана верзија.
Следи видео конференција на Путин и Бајден па разговори за гасот и околу гасот па воени интервенции и други политички пикантерии со цел да не се интервенира воено во Украина и така натаму.
Проблемот на руско-украинскиот фронт е секогаш опкружувањето со Белорусија ама и Полска.
Москва и Вашингтон знаат дека доколку има судир во Украина и руска интервенција, Украинците е можно да се распаднат, но притоа да има повеќе жртви отколку што мисли Москва. Но и Украина да би се распаднала тоа може Полска да ја вовлечи во тој судир заедно со Белорусија.
Било кој и да е на власт во Варшава следните декади ако не и повеќе, нема да гледа никогаш добро во Москва. Ниту тие односи ќе се едноставни.
Јака економска Полска, членка на НАТО и ЕУ е преголема компликација доколку Полјаците одлучат да реагираат, а тие по оваа тема нема да реагираат со ладни глави.
Во тој регион нуклеарно оружје не може да се примени никако па би се војувало конвенционално со години. Никој сериозен не мисли дека Европа и Америка се толку наивни да влезат во такви конфликти, ако не е во прашање мирот во тој дел на Европа.
Покерот е на маса со смрдеата на гасот и Нордстрим 2, а можеби и 3 или како и да е.
Силите се многу изедначени во овој можен конфликт. Преценетата Русија која е и медиумски застапена, со огромна и скапа пропаганда и не баш сериозниот партнер, Белорусија, против Украина, а можеби и Полска, дури можеби и Балтичките републики.
Толкав судир на никого не му е потребен заради што од тој судир не само што ништо нема да излези туку ќе има голема импликација по иднината на тој регион. Можеби Украина ќе се распадне но Русија нема никогаш да биде тоа што е денеска, а Студената војна ќе биде толкава што светот може да влезе во економски проблеми.
Со лош развој на ситуацијата сите земји во Европа ќе реагираат многу остро.
Симпатиите кон Русија и Балканот можат лесно да исчезнат доколку Русија влезе во Украина.
Затоа смрдеата на гасот што се чувствува во Москва ќе ги движи работите. Ни тие не се толку наивни да не ја знаат оваа математика. Никој не може да ја оцени Русија по капацитетите отколку тие самите. И ова не е игра и пропагандни приказни.
Затоа овие денови се многу клучни и сериозни по иднината на Европа и Русија и руско-американските односи. Да, гасот и понатаму ќе смрди иако нема мирис, но секогаш има додатоци да смрди.
Даме Чкаторски