ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски започна со презентација на програмата пред членовите на СДСМ

December 6, 2021 12:21
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Актуелниот кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски пред членството на партијата во општина Карпош ја презентираше својата изборна програма. Ковачевски периодот ја претставува својата програма пред раководствата на општинските организации, форумите на жени, членовите на Централниот одбор и пратениците од сите скопски општини.

Фокусот на програмата на Ковачевски е врз внатрешното реформирање на партиските процеси коишто би резултирале со поголема инклузивност на членовите на партијата кон директно оценување на работата на раководството и финално до зацврстување на релациите и соработката Влада-Локална самоуправа-Партија.

Ковачевски на средбата ја истакна реформата на месните одбори коишто во иднина треба да прераснат во појдовна точка на зголемување на функционалноста на партијата.

„Функционирањето на месните одбори комплетно ќе се ревидира при што основите за функционалноста на партијата мора да започнуваат токму од овие локални, но суштински јадра на партијата. Нашите членови ќе мора да нè евалуираат нас раководството и ние да постапуваме“, изјави Ковачевски.

Дополнително, Ковачевски додаде дека како дел од својата програма предвидува и ревидирање на партиските комисии. Според него токму комисиите се клучни да се активираат како тела во креирањето и евалуирањето на политиките на партијата. Тој додава дека позицијата на партијата мора да се зацврсти до таква мерка да СДСМ претставува столб во креирањето на политиките на државата.

Димитар Ковачевски ја поднесе својата кандидатура за иден претседател на Социјалдемократскиот сојуз преку својата програма насловена како „Заедно, одговорно и посветено“ којашто се темели на три столба: Социјалдемократска визија, економски раст и фер шасна и јасен систем со одговорности. На денот на поднесување на својата кандидатура тој истакна дека секој глас од партијата треба да биде слушнат, додека на вчерашната средба, Ковачевски и потврди дека интерните консултации во партијата се потребни на секое ниво – што може да се забележи како силна компонента во програмата на Ковачевски.

Next Post

Ковачевски: Партијата е отворена за сите, не поддржувам задкулисни партиски крила и струи

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk