Многу контроверзен беше изборот за Златната топка на „Франс фудбал“. На крајот главната награда му припадна на Лионел Меси, а мапата покажува колку беше поларизирано меѓу него и Роберт Левандовски.
Меси го доби центарфорот на Баерн со вкупно 613 спрема 580 гласови, но многу е интересно да се погледне картата како се гласаше на континентите, па дури и во одредени земји. На пример, во Европа, Левандовски извојува прилично убедлива победа над Месија 203:151. Интересно, Левандовски најмногу гласови однесе во Франција каде игра Меси, а подобар од него беше и во Шпанија каде Аргентинецот се прослави и играше долги години.
Левандовски освои најмногу гласови во многу европски земји, меѓу кои и Србија и Црна Гора, а во некои победи и без Меси да заврши во првите, поточно Меси воопшто не доби поени, како: Украина, Молдавија, Унгарија или Словенија. Меси доби повеќе гласови во Европа во: Англија, Италија, Албанија, Северна Македонија, Бугарија, а победи во Ирска, Велс, Холандија, Андора, Луксембург и Грција, единствената европска земја каде Левандовски воопшто не доби бодови.
Меси очекувано освои повеќе гласови на американските континенти, а победи и во Азија. Во Бразил ниту едниот ниту другиот не освоија ниту еден бод, а најмногу доби Кевин де Брујн. Очекувано ги нема ниту во Египет каде победи Мохамед Салах. Двајцата освоија најмногу бодови во своите земји, но додека Меси се најде на високото трето место во Полска, Левандовски не освои ниту еден бод во Аргентина, додека „вечниот ривал“ на Меси, Роналдо стигна до третото место.
Географска карта на резултатите од гласањето Меси – Левандовски
И ова гласање покажа колку беше напната трката и допрва ќе се зборува за доделување на Златната топка во 2021 година.
извор: Спорт Клуб
Ј. Ѓ.