Тоа што Скопјани не се возат ни со бесплатен јавен превоз, на Данела треба да и предочи дека системот за јавен превоз, рутите на линиите, неговата брзина и удобност не им одговараат на потребите на жителите на Скопје.
Тоа е увидено од поодамна и решение беше понудено, планирано, дури и буџетирано со БРТ (Брз автобуски превоз).
Трагично е што БРТ се напаѓаше со паушална аргументација и од ЗХГ и од ВМРО.
Трагично е што Данела даде ветување без претходно да се запознае со темата градски превоз, ќе се изгуби многу време во популистички потези и мерки, многу пари на граѓаните на претурање од шупливо во празно и на крај нема да добиеме функционален јавен превоз.
Навистина штета.
Фејсбук објава од Васко Лазаревски