Ова Влада има можност во следните 2,5 години континуирано и без изборни циклуси, да се посвети целосно на економијата и квалитетот на живот на нашите граѓани. Во фокус ќе биде спроведувањето на успешни економски политики и поставување на ефикасен економски модел за новото време. Владата веќе има поставено одлични економски политики, но за кои е потребен многу подобар систем на имплементација од сегашниот. За таа цел, ќе се фокусираме на систем на работа и исполнување на обврски и превземање на одговорности. Нам ни треба ефикасност, ефективност, позитивни исходи и видливи резултати.
Ова го вели лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за МИА.
Ковачевски посочува дека очекува континуиран раст на економија со стапки од најмалку 4,6 отсто до 5,9 отсто годишно.
„Со ваква работа очекувам континуиран раст на вкупната економија со стапки од најмалку 4,6 отсто до 5,9 отсто годишно. Најавувам драстично зголемување на домашните приватни и корпоративни инвестиции и влез на странски директни инвестиции, но многу повеќе нивно поврзување со домашните компании.
Ставаме фокус и на намалување на невработеноста која веруваме дека до крајот на мандатот конечно за првпат во историјата да биде едноцифрена. Така ќе ја зголемиле значајно и личната потрошувачка.
Новата влада и понатаму останува посветена на зголемување на платите и пензиите. Ги правиме последните анализи за времето и висината на зголемувањето на минималната плата, а најавувам и дека наскоро просечната плата ќе ја надмине висината од 500 евра месечно и ќе продолжи да расте.“, вели Ковачевски.
Што се однесува до даночната политика, Ковачевски нагласува дека таа ќе остане иста со задржување на сегашните стапки на даночни стапки и социјални придонеси.
@И граѓаните и бизнисот мора да имаат транспарентен, предвидлив и ефикасен даночен систем. Но, ќе има и промени преку кои мора конечно да се зголемат приходите преку директно намалување на сивата економија и евазијата. Сите мора да плаќаат даноци и не смее да има исклучоци“, истакнува Ковачевски.
„Кончено, најавувам градежна експанзија во делот на значајната инфраструктура. Во овие 2,5 години мора да се финишираат најкрупните делници на Коридорот 8 и Коридорот 10, но и продолжување на реконструкција на магистралните и регионалните патишта. За 2,5 години очекувам и целосно завршување на примарната и секундарна гасоводна мрежа во целата држава и поставување на условите за почетокот на користење за домаќинствата.
За крај, да постигнеме економска ефикасност, како влада започнуваме бескромпромисна војна против криминалот и корпуцијата. Важно е функционерите да бидат пред се способни и одговорни во извршувањето на нивната функција. Но, реално секој од нив во политиката е подложен на искушенија и под притисок да направави нешто недозволено и незаконски.
Оттука, многу поважно од изборот на способни и чесни кадри е постоење на систем за контрола врз нивната работа. Мора да спречиме да има недопирливи за законот и секој кој се огрешил да одговара. Само вака ќе ја вратиме довербата кај граѓаните во државата и институциите. Си поставивме навистина високи цели, но сигурен сум дека со многу работа и труд можеме да ги реализираме.“, вели во интервјуто Ковачевски.
Ј. Ѓ.