ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Ја освоија локалната власт, а пак „цицаат“ од централната

January 11, 2022 23:01
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО-ДПМНЕ победи на локалните избори ветувајќи ефикасно менаџирање со општините, излегување во пресрет на потребите на граѓаните, големи проекти со кои ќе им се подобри животот на населението, а нивните градоначалници веднаш штом седнаа на фотељите побараа помош и пари од централната власт. Од истата онаа за која нивното раководство секојдневно истура товар обвинувања за некадарност.

Уште зимата не ги покажала своите заби, а ЗЕЛС предводен од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска нема никаква програма за решавње на проблемот со затоплувањето на скопјани и на другите општини.

Иако во предизборието најавуваше дека за се постои решение само требало добро да се изменаџираат работите, кога се сочи со потешкотии на терен, спас побара од Владата.

„Владата да преземе одговорност и да им помогне на Општините“, рече Данела Арсовска, оценувајќи ја состојбата како алармантна и предупреди за можна редукција на услугите.

Мандатарот Ковачевски за проблемот со парното греење ја обвини  неажурноста на градските власти, но сепак најави мерки за решавање на настанатата состојба.

„Владата нема да дозволи жителите на Скопје да останат без парно греење зимава. Целата инфраструктура и услугата за затоплување со парно греење е во надлежност на градот Скопје и тој требал да предвиди мерки кои што очигледно не се предвидени“, вели Ковачевски.

Иако Градот Скопје и општините во склоп на градот, се надлежни за создавање на услови за континуирано снабдување со топлинска енергија, Владата, поради нивно не преземање на мерки за справување со настаната состојба, повторно излезе во пресрет на граѓаните со цел обезбедување на континуитет и сигурност во снабдувањето со топлинска енергија.

Имено, Граѓаните во Скопје и општините во градот нема да плаќаат повисоки сметки за парно, бидејќи Владата нуди да плати 80 отсто и предлага општините да ги доплатат останатите 20 отсто од зголемениот дел од сметката.

Тоа практично значи дека Владата во име на потрошувачите кои се корисници на топлинска енергија, односно домаќинствата и јавните институции, средствата ќе ги уплати на БЕГ, а БЕГ ќе ги намали сметките на потрошувачите.

Министерството за финансии обезбеди поволен кредит од 8 милиони евра со кои БЕГ може да набави гас за парно греење за скопјани, вели мандатарот Димитар Ковачевски и додава дека за кредитот БЕГ треба да понуди гаранција според пазарни банкарски услуги. Ако тоа не се случи, Ковачевски кажа дека се разгледува опција за времено преземање на работењето со компаниите кои имаат лиценци за обезбедување топлинска енергија.

Министерот за економија пак Крешник Бектеши најави дека БЕГ може да остане и без лиценца ако не испорача топлинска енергија за скопјани.

 

 

Љубиша Николовски

Next Post

Костадиновска Стојчевска: Граѓаните гледаа нарачани пресуди, покажавме дека тоа не е веќе така

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk