ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска: Испишавме историја која ќе е вредна за паметење, чувствувам гордост, исполнетост, задоволство од постигнатото (ВИДЕО)

January 17, 2022 11:23
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, ѝ го предаде мандатот на новата министерка за одбрана Славјанка Петровска. На досегашната министерка за одбрана Шекеринска, и беше доделена плакета на Армијата, во името на припадниците на армијата како признание за вложениот труд и остварените резултати и придонесот на министерката Шекеринска во јакнењето на одбраната на Република Северна Македонија, плакетата ја врачи Генерал Васко Ѓурчиновски.

– Денес за мене е ден на измешани чувства. Чувство на гордост, исполнетост и задоволство од постигнатото. Заедно учествувавме во нешто што е поголемо од нас самите и испишавме историја која ќе е вредна за паметење. Знаевме дека ништо нема да биде лесно, но верувавме дека ништо не е недостижно. Ги преземавме обврските, и една по една успевавме да ги решаваме. Денеска успеавме да ја вратиме Република Северна Македонија во процесот на НАТО интеграциите, членка сме на НАТО еднаква и рамноправна со останатите. Воено интегрирана во рекордно брзо време, во седум-децениската историја на Алијансата, рече министерката Шекеринска.

„Во 2017-та реков дека припадниците на Армијата кои ја чуваат оваа земја, ќе го добијат достоинството и почитта која што им припаѓа со повисок стандард и подобри услови за работа. Се обврзав на континуирано зголемување на буџетот за одбраната, но и максимална транспарентност пред јавноста која мора да има увид во трошењето на парите. Денеска, сето она што пред 4 и пол години се чинеше невозможно, полека стана реалност. За сето тоа заслужни сте вие!

Вашата искреност, чесност и професионалност ме инспирираше да бидам и јас секој ден подобра. Вашата целосна посветеност кон граѓаните и државата, и во најтешките моменти кои за жал ги имаше многу, ми даваше сила да продолжам да се борам и за поголем буџет и за поголеми бенифиции, и за подобра опрема. Довербата која граѓаните ја имаат во вас за мене беше силен аргумент да продолжам да се борам.

Да работиме со интегритет, со силен мотив и без задршка. Оваа институција и претходно имаше силен корен, ви благодарам што заедно и дадовме крилја. Ја имав честа да и служам на нашата татковина во законодавната и во извршната власт. Горда сум што бев дел од историските успеси кои ги постигнавме заедно и здружени. Првиот совет кој го добив од службениците на НАТО е единствениот кој досега не го почитував, ми рекоа менаџирајте ги вашите и очекувањата на граѓаните. Но одсекогаш верував дека за една нација да се направи подобра мора да се надминат и сопствените очекувања, и тоа го правевме во изминатите четири години заедно, убедена сум и дека ќе продолжиме, истакна министерката Шекеринска, посакувајќи уште поголеми успеси“, истакна министерката Шекеринска.

Марија Миткоска

Видео: Мартина Ацковска 

Next Post

Ковачевски: Функцијата која ја преземам денеска е голема обврска и одговорност кон граѓаните

Shortcut

Најново

Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

Филипче: Намалена воената помош од САД, поради криминалната власт, Македонија ја губи довербата

September 18, 2026

Пријави за стаорци во Буњаковец, од општина Центар велат дека направиле сѐ што треба

September 18, 2026

„Амазон веб сервисис“ планира дата-центар кај Кожани, Грција

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk