ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Ние немаме отстапка, туку објаснување, Бугарија се повлекува од досегашната заложба

January 18, 2022 22:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска ние даваме објаснувачка нота до ОН, во која велиме до сите земји членки дека ние немаме територијални претензии, независно дали вие како трета страна го употребувате долгото или краткото име, затоа што и долгото и краткото име се однесува на политички ентитет, држава во овие граници и не претендираме на територија на други држави членки на ОН. Бугарите денеска се согласуваат со тој пристап. Практично ние денеска немаме отстапка, туку имаме само објаснување, а Бугарија се повлекува од својата досегашна заложба само долгото име да биде секаде во употреба.

Ова е појаснувањето што го даде вечерва претседателот на државата Стево Пендаровски во интервју за телевизија 24, во однос на испратената нота од страна на нашата држава до ОН за употребата на краткото име Северна Македонија.

Пендаровски најави дека ќе се обиде да ја разработи новата методологија и со неговиот колега Румен Радев, со кого најверојатно деновиве ќе се слушне, за да ја посети Софија, заеднички да дадат поддршка плус.

– Јас од моја страна ви гарантирам, тврдам, сакам да бидам поддржувач на овој процес, а не кочничар и во таа насока се надевам дека ќе наидам на поддршка и од колегата Радев, изјави Пендаровски.

Тој информира дека петте комисии кои треба формално да се оформат на меѓувладината седница што треба да се одржи на 25 јануари во Софија, ќе бидат новата методологија за работа, така што де факто нема повеќе план 5+1, план што произлезе по пропаднатиот Лисабонски предлог, е надвор од маса.

Според Пендаровски, заложбата на Бугарија е ова да заврши некаде до  крајот на мај или почетокот на ноември под претпоставка сите комисии да продуцираат добри резултати и да се искористи крајот на француското претседавање со ЕУ. Тоа е нивниот провизорен рок, одговори претседателот на државата Пендаровски на прашањето дали го прашал на средбата премиерот на Бугарија Кирил Петков кога може да очекуваме датум за почеток на преговори ако има добра динамика на градење доверба.

Ако резултатите одат брзо во сите комисии или во поголемиот дел од нив, нагласи Пендаровски, можно е тој рок да биде скратен, меѓутоа не треба да очекуваме резултати преку ноќ.

– Изминатите две години недовербата меѓу двете страни од познати причини е огромна. Јазот меѓу двата народи е огромен, рече шефот на државата.

Според него, добро е што се ќе се прави мултидисциплинарно и нема да се потпираме, како што рече, само на историјата.

Појасни дека на заедничката меѓувладина седница во Софија, формално треба да се оформат пет работни групи или комисиии секоја недела една различна комисија има средба, што е добро темпо на работа. Тие комисии треба да бидат автономни во своето работење, во смисла на тоа што  ќе го продуцираат, преку нивни портпароли ќе ги информираат двете јавности за тоа што се случува.

Според Пендаровски, ниту еден од бугарските политичари, дури и кај екстремните националисти од претходната Влада, не го спореа македонскиот јазик, ниту тоа дека ние сме денес Македонци.

– Ние и утре да постигнеме договор со Бугарија, можно е Бугарија да го задржи правото да го нарекува нашиот јазик македонски јазик во согласност со Уставот на РС Македонија, ама во билатерален контекст, рече меѓу другото шефот на државата.

извор: MИА
Next Post

Не успеа спинот за наводното намерно скратување на Химната

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот, видео Ролан Гарос

(ВИДЕО) Тинејџерот Фонсека го исфрли Ѓоковиќ, Ролан Гарос ќе добие нов Грен слем шампион

May 29, 2026
Анаис. Мотив, Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

May 29, 2026
Фото: Лени вон Гелева

Никола Гелевски – Коља е добитник на наградата „Македонско стрип наследство“ за 2026 година

May 29, 2026

Никола Груевски добил Унгарско државјанство во 2022 година

May 29, 2026

Стојчевски од СДММ: Распишете референдум, младите сакаат самите да одлучат за европската иднина

May 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk