ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Владата ќе му префрли шест милиони евра на ЕСМ за да го преземе управувањето со БЕГ и Скопје Север

January 21, 2022 13:01
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Владата ќе префрли шест милиони евра на сметката на АД ЕСМ за да го преземе управувањето, дистрибуцијата, снабдувањето и производството на топлинска енергија за град Скопје за целата грејна сезона од моменталниот носител на лиценцата БЕГ, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Овие средства, како што кажа при денешната посета на општина Сарај, ќе се користат и во делот на плаќањето на разликата од реалната и постојната цена на топлинска енергија за цела 2022 година.

Прашан дали само шест милиони евра ќе бидат доволни за целата грејна сезона, Бектеши рече дека таквите проекции се направени од страна на ЕСМ, Регулаторната комисија за енергетика и раководството на ЕСМ – Енергетика, која произведува топлинска енергија, согласно постојните цени и берзанските цени на природниот гас за јануари.

– Ќе видиме како ќе се движат и фјучерсите посебно за месеците февруари и март и откако ќе имаме понуди секако дека може тоа да биде и помалку, а може да биде и поголема цената што ќе не чини. Но, најверојатно согласно сите предвидувања цените ќе бидат помали од тоа што беа за јануари, рече Бектеши.

Прашан дали ЕСМ има доволно количини на јаглен за производство на електрична енергија, Бектеши посочи дека во моментов на депонија има околу 250 илјади тони.

-Како што ме информира Комисијата која ја следи ситуацијата во делот на енергетиката и во топлинската и во електричната енергија можам само да ве информирам дека на депонија имаме околу 250 илјади тони за потребите на РЕК Битола што пред три-четири месеци не надминуваше ни 40 илјади тони. Количините се и наши и од увоз. Со овие 250 илјади тони РЕК Битола работи во континуитет, а дополнително тие може да се користат за да се зголеми производството ако има потреба и ако номинациите за некој ден би биле поголеми, потенцира Бектеши.

Next Post

Бектеши: Во делот на економијата можеме лесно да се усогласиме со Бугарија

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

Зеленски со отворено писмо до Путин: Предлагам директна средба за крај на војната

June 5, 2026
Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис за 5 јуни 2026: Колективна визија и оригинални решенија

June 4, 2026

Битиќи: Економската лага на Мицкоски се распаѓа на каса во маркет

June 4, 2026

ОФИЦИЈАЛНО: Андони Ираола е нов главен тренер на Ливерпул

June 4, 2026
Фото: Википедија

Калајџиев за случајот „Мазут“: Не е јасно каде е криминалот, а никој не прашува кој ќе одговара за штетата врз осомничените

June 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk