„Со директорката на Драмски театар, Катерина Коцевска-Хаџи Василева, разговаравме за продолжување на проектите во делот на инвестиициите со што ги подобруваме условите за работа на ансамблот. По обновата на светслосната опрема, следува обнова на сценскиот под“, објави на Фејсбук Бисера Костадиновска Стојчевска.
„Директораката Коцевска –Хаџи Василева, нè воведе и во подготовката за новата премиера „Моето име е Горан Стефановски“, во режија на Бранислав Миќуновиќ, која е посветена на еден од највлијателните македонски драматурзи чии праизведби главно беа поставувани токму од скопскиот Драмски театар“, напиша Стојчевска.