ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Yon Idy, светски а наш!

February 1, 2022 20:58
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, УМЕТНОСТ
Share on FacebookShare on Twitter

Yon Idy е уметничкото име на Јон Ајдини, момчето што со неговата песна Dreams влезе во Националниот избор за песна и претставник што ќе ја претставуваат Македонија на „Евровизија 2022“.

Зад музиката и текстот на Dreams се потпишува Yon Idy, а аранжманот е на Јон и Ангел Ќосев. Јон е момче од Скопје, кој е роден во 1995-тата година, а неговите песни во инди стил полека, но сигурно, ја освојуваат светската публика.

Тој досега има издадено осум песни, кои се емитуваат на голем број радио станици низ светот: САД, Велика Британија, Германија, Швајцарија, Грција, Хрватска, Албанија, Косово итн.

Неговиот прв хит „Gentle“ ги освои срцата на светот, уникатен во својот глас, приземен и свој. Јон Ајди се постави на светските радио станици и со својата дабока емоција ги стопли срцата на слушателите.

„Како од Скопје?!“, „Па, ова звучи светски!“, „Мислев дека е некој странец“, „Со денови се обидував да најдам кој ја пее песнава, за на крај да излезе дека е наш пејач?“, „Светско, а наше“ – стои во некои од коментарите под видеата и на социјалните мрежи.

„Гласот на Јон праќа морници додека ти вели да се држиш и да тонеш во него – но навистина – додека посегнува кон внатрешната борба со својата лирика во исто време тој блеска со длабоко размислување и блага меланхолија. Изборот на инструментација е многу уникатен, со оркестарско влијание насекаде; Можев да слушнам оркестарски триаголник на повеќе точки во песната, при што виолините на пицикато даваат чувство на димензија и на миксот“ – се вели во Sinusoidalmusic за уникатниот глас на Јон.

Sounds of European за песната „Back around“ напиша:

„Yon Idy е македонски пејач со потекло од Скопје. Тој штотуку објави нов сингл и не можеме доволно да го пофалиме: тоа е извонредна песна! Песната има извонредна мелодија и незаборавна вокална изведба. Тоа е веројатно најдобрата песна што доаѓа од Северна Македонија оваа година. Ние сме целосно зависни од неа: тоа е нашата песна на неделата!“

“Неговата аура на чесен изведувач е пренесена преку неговата талентирана работа. Оваа песна доби инди фолк звук во кој е испреплетена акустична гитара со широка позадина на синтисајзер.” напиша Indie Music за инзвонредната песна „My fire“ на Јон.

Неговата евровизиска песна „Dreams“ е нешто нетипично за нашето поднебје. Длабоко и емотивно може да го доживееме секој тон преку магичната интерпретација на младиот уметник. Ова дефинитивно е најдобрата песна која што е направена од млад изведувач кај нас, а тоа го потврдуваат веќе и големите македонски музички имиња кои излеегоа со поддршка за Јон и неговата песна „Dreams“.

„Непретенциозно прекрасно дете со најуникатниот машки вокал, ever!“ – напиша Дани Димитровска на своите социјални мрежи. Поддршка даде и музичарот Бени Шаќири, како и многу други.

„Ова е мојот фаворит, иако не следам Евровизија, но ова не смее да остане незабележано, јер момакот звучи точно како треба модерно и Амерички. Песната е фантастична, он е врхунски, толку млад и предобар во она што го прави“ – напиша Бени на својот фејсбук профил.
За Јон Ајди и неговата песна „Dreams“ може да гласате на овој линк  https://evrovizija.mrt.com.mk/
В. Крстевски
Tags: Yon IdyЕвровизија
Next Post
Седница на Влада. Фото: М. Ацковска / Фронтлајн

Предлог-законот за спречување перење пари и финансирање тероризам помина на владина седница

Shortcut

Најново

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk