„Овој случај требаше да докаже дека вмро и официјално е злосторничко здружение и дека со Македонија 10 години владеела една класична мафија управувана од храбро побегнатиот груевски“, напиша активистот Павле Богоевски на Фејсбук.
„Горде, Миле, Протугер и дел од останатите признаа вина за речиси сите дела кои им се товарат во Титаник. Обвинителката Лиле Стефанова побара условни казни за Гордана и Протугер и намалување на казната за Миле. Овој случај требаше да докаже дека вмро и официјално е злосторничко здружение и дека со Македонија 10 години владеела една класична мафија управувана од храбро побегнатиот груевски“.
„Условна казна во случајов не е ниту спогодување, нит соработка со правдата. Ова е проштевање. Госпоѓо Стефанова, да не треба да им се извиниме ние?“, напиша Богоевски.